за ,

Cross Tourer: Citroen се сети дека го има моделот C5

Кога Французите го претставија моделот од средната класа, светот се порадува дека марката ќе ја поврати славата. Во меѓувреме, C5 остана заборавен. Kонечно следува освежување – и пропуштена шанса C5 да стане ѕвезда!

Оваа марка некогаш ја обожувавме. Таа го движеше светот на автомобилите, постојано го поттикнуваше напредокот со нови и необични идеи. Ништо не се пропушташе. На претстојниот салон во Женева, каде што ќе видиме нови концепти на погон и свежа технологија од целиот свет, Citroen реши да се појави со теренска варијанта на својот модел од средната класа, кој од неопходната опрема за излети по терен ги има само зголемениот клиренс и заштитната пластика. Дури и интересниот систем за тракција од сестринската марка Peugeot отсуствува.

Погонот на сите тркала, кој веќе се подразбира кај автомобил од оваа класа што изјавува дека е подготвен за терен, не може да се добие ниту со доплата. Точно е дека неколку производители реагираа по примерот на Subaru Outlback и ги претставија моделите како Audi A6 allroad quattro и Opel Insignia Country Tourer – но, погонот на сите тркала обично се подразбира во овие модели.

Техниката што можеше да направи ѕвезда од C5 Cross Tourer

Тоа што успева во пониските класи и на купувачите може да им се продаде како теренска проодност, во оваа не може. Тука купувачите се веќе подготвени да платат за добар погон на сите тркала. Фактот што „теренскиот“ С5 може да се доопреми со хидраулична амортизација, со којашто дополнително варира растојанието од подлогата и реакцијата се приспособува според подлогата, не спасува ништо. Дури уште повеќе иритира фактот што Citroen поседува толку генијална, усовршена и традициски бесценета техника, како што е хидрауличната амортизација Hydractive, а остава целата приказна да пропадне во вода затоа што куќата не располага со погон на сите тркала – за тоа мора да му се обрати на партнерот Mitsubishi. Сите „аутбекови“ и „кватра“ ќе останеа во сенка, само доколку Citroen располагаше со погон на сите тркала што ќе ја заокружеше потенцијално успешната приказна.

До брзина од десет km/h, каросеријата се подигнува за уште шест сантиметри, а до 40 km/h остануваат четири сантиметри. Системот дополнително овозможува каросеријата да се спушти за товарање. Citroen C5 Cross Tourer ќе се нуди со четири дизелски мотори во дијапазон меѓу 114 и 204 КС, вклучувајќи ги одличниот V6 дизел oд Jaguar и не помалку импресивниот автоматик. Цените и стартот на продажбата ќе бидат објавени по премиерата во Женева.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 милиони евра за колекцијата автомобили на Џејмс Бонд

Русите ја произведоа 28-милионитата Lada