за

Користењето навигација исклучува дел од мозокот

Научниците утврдија дека при користење на уреди за навигација речиси целосно се исклучуваат одделни региони на мозокот. Истражувањето беше спроведено по лондонските улици во реални и во виртуелни услови.

Кога системи за навигација се користат за пристигање до некое одредиште, делови од човечкиот мозок се исклучуваат. Тоа е заклучокот на студијата што ја објавија научниците на Универзитетскиот Колеџ Лондон. При истражувањето се следеа активностите на мозокот додека учесниците по виртуелен пат минуваа одредена рута во лондонскиот кварт Сохо.

Во истражувањето учествуваа 24 лица, коишто претходно беа водени низ реалната улична мрежа на Сохо. Потоа, овие лица имаа задача по виртуелен пат со помош на видеоснимки да ги најдат поставените одредишта – еднаш со помош на навигација, еднаш со помош на сопствената умствена способност.

Рутите со поголема сложеност бараат и поголема активност на мозокот

Научниците во рамките на истражувањето се концентрираа на активностите на хипокампусот во префорталниот кортекс на човечкиот мозок. Кога лицата беа препуштени самостојно да го пронаоѓаат патот до целта, научниците утврдија мерливи активности на мозокот во обата региона. На покомплексните рути беше измерена поголема активност. Но, при користење на советите од навигацијата, одредени активности на мозокот изостанаа. Во тојо случај, мозокот едноставно го исклучува интересот за рутата.

Резултатите од студијата сепак не наведуваат на заклучок дека користењето навигациски уреди предизвикува долготрајни последици. Во студија објавена пред шест години, истиот тим научници заклучи дека зголемениот регион на задниот хипокампус кај такси-возачите во Лондон, меѓу другото произлегува и од нивното одлично познавање на уличната мрежа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kaspersky откри безбедносни пропусти во авто-апликациите

Seat најавува голем теренец за 2018 година