за

Монако ги празнуваше најскапите и најбрзите автомобили

Кнежевството на Азурниот Брег ги прославуваше најскапите и најбрзите автомобили во светот на „Top Marques Monaco“. Рекорден број посетители пристигаа на овој единствен и ексклузивен салон на автомобили што се одржува секоја година.

Повеќе од 4.500 посетители пристигнаа во Грималди Форум, на четиридневниот собир на најскапите, најфутуристички и најексклузивни автомобили во светот. Годинава не отсуствуваа ниту летечки автомобили, каросерии обложени со дијаманти вредни 2 милиони евра, па дури имаше и автомобил со златни рипки во кабината.

За разлика од обичните салони кадешто автомобилите мируваат изложени на штандовите, тоа што дополнително му дава посебност на овој собир е можноста ретките и скапоцени автомобили да се доживеат и во возење по улиците на Монте Карло. Овие „ексклузивитети“ се сосем очекувани на манифестација што е под покровителство на групацијата Едмонд де Ротшилд.

https://www.facebook.com/TopMarquesMonaco/posts/1438779106185940

Топ-марките во Монако“ низ годините станаа задолжително одредиште за ентузијастите, но и за автомобилските мануфактури на коишто им е од суштинска важност да се појават во Монако. Настанот прераснува во еден вид „Женевски авто-алон на азурниот брег“. Ако салонот покрај езерото Леман е карактеристичен по ексклузивните автомобили, во Монако пристигаат уште поексклузивните.

Секоја година расте бројот на посетители, кои пристигаат од цел свет. Тоа секако не е без причина. Годинава пред публиката премиерно се појави Calafiore C10, италијански суперавтомобил изработен рачно од карбон, дуралуминиум и злато, а посебна сензација беше Frangivento Asfane, најскапиот аквариум“ во светот, вграден зад седиштата на родстерот. Franfivento е втор модел од дизајнерите Паоло Панчини и Џорџо Пирило, воедно и прв италијански суперавтомобил со погон на струја. Испораките ќе стартуваат по две години, цената е 1,5 милион евра, минимум. Во цената се вклучени и двете златни рипки, Нимо и Дори. AeroMobil и Pal-V Liberty донесоа дел од иднината, како летечки автомобили што се веќе подготвени за производство.

Важни светски имиња ги соединуваат своите влијанија и моќи за време на собирот на суперавтомобилите во Монако. Покрај главниот спонзор, групацијата Едмонд де Ротшилд, меѓу подржувачите на манифестацијата се среќаваат и Dotta Immobilier, Burgess Superyachts, Silversea, Sivelena, Gruppo Meregalli, The Societe des Bains de Mer и дирекцијата за туризам на Монако.

За „ситнежот“ што ќе им преостане на постојните и идните сопственици на суперавтомобилите, во рамките на манифестацијата се одржува и изложба на скапоцени часовници, рачно изработен накит и луксузни производи од секаков вид и намена. Бројките од продажбите на овие производи се импресивни, вклучувајќи ја и сумата. Меѓу експонатите се најде и маса вредна 250.000 евра, изработена целосно од титаниум.

Повеќето од автомобилите што годинава и во претходните тринаесет години се појавуваа на „топ-марките“ се продаваат уште пред да заврши салонот. Преостанатите ќе бидат продадени малку подоцна. Потребно е време додека мануфактурите ги изработат возилата според нарачките на идните сопственици.

Неколку факти од 14-от Топ-Марки Монако

  • Седум светски премиери во Ravel Supercar Hall
  • Извршени повеќе од 1.200 тест-возења по патеката за Ф1
  • Рекордни продажби на часовници и накит во Luxury Lane и Watch Pavillon
  • За 25% зголемена продажба на билети во споредба со лани
  • За 50% зголемена продажба на ексклузивни билети со вклучен ручок во ресторанот VIP Supercar
  • Над 5.000 чаши пенливо вино послужени во Шампањ-бар и ВИП-салонот
  • Крштевање на луксузниот крстосувач Silver Muse, знаменосец на компанијата Silversea, во предвечерието на манифестацијата, во пристаништето Херкулес

Манифестацијата в година се одржува од 19-ти до 22-ри април

[FAG id=27788]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Fiesta го замени Golf на првото место во продажбата

Auto Bild: Какви се M3, C 63 AMG и IS F како користени автомобили?