за

Ferrari F40 што гореше во Монако ќе се реставрира

Ferrari F40 што гореше во Монако ќе се реставрира
Ferrari F40 што гореше во Монако ќе се реставрира

Целата автомобилска сцена со жалење ги гледаше сцените од Ferrari F40 што зимоска гореше на улица во Монако, додека станар прскаше со црево од балкон, во обид да го изгаси пожарот. Скапоцениот автомобил што вреди повеќе од еден милион евра, ќе се реставрира.

Фановите тешко ги поднесуваа тие сцени. Кон крајот на февруари, додека светот почнуваше да насетува дека е на работ на пандемијата, еден Ferrari F40 се запали на улица во Монако и изгоре целосно. Кусото видео брзо се прошири по социјалните мрежи. Ова скапоцено Ferrari сега буквално ќе се изработи од ново.

На видеото се забележуваше сопственикот, кој беспомошно го посведочи уништувањето на својот Ferrari F40 вреден над еден милион евра. Не помогнаа ниту обидите на еден станар да го изгаси пожарот со црево од балконот. Возилото гореше до пристигањето на пожарникарите. Единствено предниот дел од легендарниот суперспортски автомобил беше оштетен само малку.

На мрежите се појавија нови фотографии од изгорениот Ferrari F40, снимени во сервисната работилница на спортската марка во Монако. Тие го прикажуваат целосниот обем на оштетувањето од пожарот. Огнот почнал да се шири одзади и за само неколку минути го опфати целиот автомобил. Внатрешноста е уништена целосно, вратите делумно се стопени, а моторот ќе мора да добие голем број нови делови.

Се претпоставува дека огнот започнал од резервоарите. Тоа е познат проблем кај F40, кој поседува два гумени резервоари што се поставени во пена и изработени се од Pirelli, со вкупна зафатнина од 120 литри. Материјалот станува порозен со текот на годините и специјалистите поради тоа препорачуваат резервоарите да се заменуваат на секои десет години. Трошокот за таа интервенција во сервис на Ferrari чини меѓу 20.000 и 30.000 евра.

Штетата е огромна, но автомобилот е редок и од голема важност е на автомобилската сцена, така што се исплатува возилото да се изработи од ново. Тоа ќе трае многу долго, со години.

Elle sera bien reconstruite.

Posted by Yanas Meccanica on Sunday, June 14, 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

Во автомобил купен на наддавање имало сокриени 34 килограми кокаин

Во автомобил купен на наддавање имало сокриени 34 килограми кокаин