за

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија
Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

Генератор за струја што користи водород и развиен е во Toyota прави чекор поблиску до стартот на сериското производство. Toyota почна со тестирање на генераторот во својата фабрика во Хонша во септември лани. Тој во иднина ќе ја напојува со електрична енергија фабриката на хемиската компанија Tokuyama во Јапонија.

Системот ги користи компонентите од водородниот погон (точното име е погон со горивни ќелии) од својата лимузина Toyota Mirai. Тестирањето на генераторот на новата локација ќе трае до март 2022 година.

Меѓу системските компоненти што се преземени од „водородниот автомобил“ Mirai (јапонски збор за „чудо“) спаѓаат модулот со горивни ќелии, контролната електроника и батеријата. Зедничкото користење на компонентите ќе овозможи генераторот да се произведува по прифатлива цена. Системот е развиен од Toyota, заедно со фирмата ќерка Toyota Energy Solutions.

Номиналната верзија на генераторот во фабриката на Tokuyama е зголемена од 50 на 100 kW. Во исто време се направени промени за одржувањето да биде поедноставно. Посебноста е во тоа што водородот потребен за работата на горивната ќелија се добива како спореден продукт во самата фабрика на хемискиот гитант. Таму се произведува натриум хидроксид во т.н. хлор-алкална постапка.

Целта на тестирањето е Toyota да ја провери енергетската ефикасност на генераторот, односно количината на струја што се добива од единица водород. Исто така се тестира и моќноста, трајноста и едноставното сервисирање. Притоа ќе се внимава и како солениот морски воздух влијае врз уредот. Секако дека е важна и економската исплатливост, во случај кога водородот се добива како нус-производ, место тој да се набавува однадвор.

Инженерите на Toyota работат на натамошно подобрување на ефикасноста и трајноста, намалување на димензиите и на трошоците.

Основни податоци за генераторот со горивни ќелии

https://photos.app.goo.gl/XJQSiiK9NhEkz3te9

  • Ширина / Длабочина / Висина 2,9 / 1,5 / 2,7 метри
  • Тежина ca. 3,5 тони
  • Номинална моќност 50 kW
  • Номинален напон / Фази / Фреквенција 210V AC / три фази, три кабли / 50/60 Hz
  • Тип на горивна ќелија Цврста полимер-електролит
  • Чистота на водород 99,97 %
  • Време на залет до постигнување номинална моќност 40 секунди

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја

Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја

Ferrari F40 што гореше во Монако ќе се реставрира

Ferrari F40 што гореше во Монако ќе се реставрира