Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја

Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја
Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја

Кинескиот град Шенџен е лидер во светски рамки во поглед на електричните возила. Автобускиот превоз во градот уште од 2017 година го сочинуваат 100% возила со погон на струја, а една година подоцна и такси превозот премина на електричен погон. Градот сега ги поттикнува жителите за масовно преоѓање на автомобили со погон на струја.

Жителите на мултимилионскиот град Шенџен во Кина добиваат помош во висина од 20.000 јуани или околу 2.500 евра при купување електричен автомобил. Градските власти го поттикнуваат и купувањето приклучни хибриди, со половина од сумата за елеткричните.

Субвенцијата се реализира уште од минатиот месец и ќе трае до 21-ви декември годинава, без ограничување на бројот на возила за кои што ќе се добие помош при купувањето. Сите возила се опфатени во програмата, без оглед на ценовната категорија.

Шенџен ги разлабавува ограничувањата при аплицирање што беа воведени поради пандемијата. Покрај редовните жители, за програмата можат да аплицираат и:

  • Лица со дозвола за престој.
  • Кинески граѓани што живеат во странство.
  • Жители на Хонг Конг, Макао и Тајван.
  • Странци со важечка виза или дозвола за престој.

Властите не ограничуваат и сопственици на електричен автомобил што веќе имаат добиено субвенција, повторно да аплицираат за електричен автомобил или приклучен хибрид.

Кинеските возачки и возачи дополнително ќе бидат привлечени од програмата и со бесплатното паркирање во првиот час на улиците во градот.

Резултатите од овие широкогради мерки за популаризација на електричниот погон ќе се покажат веќе во вториот квартал. Градот брои 12,5 милиони жители. Се очекува дека новите мерки ќе резултираат со масовна продажба на возила на струја.

Претходна објаваНорвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја
Следна објаваГенератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here