за

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја
Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја

Норвешка е светски шампион во уделот на електричните автомобили во вкупната продажба, со моментно над 60 проценти. Затоа не е изненадување што земјата веќе почнува и со следната средина за освојување од електричниот погон, со водите.

Компанијата Evoy се грижи морските води да останат чисти. Норвежаните развија електричен вонбродски мотор што се вградува едноставно во глисери и други видови пловни објекти, исто како обичните мотори.

Тестирањето на прототипот Evoy1 започна во минатото лето и по бројни дотерувања и усовршувања, електричниот бродски мотор наскоро ќе почне со сериско производство. Проектот беше поздравен и од норвешката премиерка Ерна Солберг. Кусо по стартот падна и светскиот рекорд, откако со Evoy1 беа постигнати 55 јазли, односно околу 102 километри на час.

Беспрекорно чистата погонска технологија на Evoy засега е достапна само во комерцијалниот сектор и се нуди во варијанта како бродски електричен мотор. Планот е бродскиот електромотор од следната година да се најде и во редовна продажба. За таа цел, компанијата ќе добие помош во висина од 1,8 милион норвешки круни од државата (околу 167 илјади евра).

Погонските системи на Evoy со моќност до 800 КС се развиваат за користење во најтешките услови во светот, на норвешкото крајбрежје. Моментно се услужува комерцијалниот сектор, со бродски мотори за пловни објекти долги меѓу 20 и 40 стапки (од шест до 12 метри). Постои огромен интерес за електричните погонски системи, особено од организациите што изведуваат истражувачки мисии во Поларниот Круг, кои долго бараа погон што не загадува и работи тивко.

https://www.instagram.com/p/CBBOS0Cl1eo/

https://www.instagram.com/p/B_Fm-WmlGnv/

Бродовите на Кралското Езеро (Koenigssee) во Германија веќе со децении користат електричен погон

https://www.instagram.com/p/B3UfDLrDvfa/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ssangyong

Mahindra бара нов сопственик за проблематичниот SsangYong

Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја

Шенџен е град со 100% автобуски и такси превоз на струја