Што може вистински да израдува една возачка легенда со светско име, на крајот на годината што ја одбележаа полициските часови? Во Mini имаа убава идеја за тоа: Рауно Алтонен, победникот на Рели Монте Карло во 1967 година со првиот Mini, во родната Финска да се изненади со празничен поздрав на четири тркала.
Светот го познава како „професор за рели“, но според народната, некогаш и од многу наука боли глава. Рауно Алтонен минатите осум месеци ги помина дома во Финска, поради актуелните состојби околу корона. Отсуствуваа излети по тркачките патеки, одмерување на силите на историските трки, немаше ниту давање практични часови на млади возачи со талент за рели. Алтонен денес има 82 години, но уште умее да игра со педалот за гас. Финецот е во одлична физичка состојба и уште си дозволува брзи тури зад воланот. Во неговиот живот, тој досега нема доживеано толку долг период да не смее да вози, како во оваа пандемиска 2020.
Затоа се тука пријателите, да помогнат против досадата. Во марката Mini имаа посебна идеја за претпразнично дарување. Кон домот на Финецот се упати Mini Cooper S Countryman All4 со затворена транспортна приколка, а во неа класично Mini.
Алтонен е еден од „Тројцата мускетари“ што во 1966 година го освои целиот победнички подиум на Монте Карло, пред контроверзната одлука на раководството на релито
„Рауно речиси 60 години нé радуваше со возбудливи моменти. Сега е вистинскиот момент, да му возвратиме“, кажува Бернд Кербер, шеф на марката Mini. Историјата меѓу Алтонен и британската марка датира уште од 1961 година. Финецот тогаш победи во домашното првенство во рели и беше решен во почетокот на следната година да се впушти во предизвиците на „Монте“, за кого уште тогаш постоеја многу митови. Тој се реши за Mini. Во првата година на релито Монте Карло, Алтонен доживеа спектакуларно излетување, но затоа во следната година победи во класата и беше трет во вкупен пласман.
https://photos.app.goo.gl/7z1n8qT9e7mprtq46
Mini и фабричкиот тим напредуваа од година в година, меѓу другото благодарение на прецизните совети што ги даваше Рауно Алтонен за дотерувањето на возилото, дополнителната опрема, за состојбата на патот или за изборот на гуми.
Големиот триумф се случи во 1964 година, кога Патрик Хопкирк од Северна Ирска, победи во генерален пласман со Mini Cooper S, за во следната година триумфот да го заокружи сонародникот на Алтонен, Тимо Макинен. Триото познато како „Тројцата мускетари“, во 1966 година ги освои првите три места. Раководството на трката потоа донесе контроверзна одлука, со којашто Mini беше дисквалификуван поради светлата. Во 1967 година му се посреќи и на Алтонен, со заслужената генерална победа на Рели Монте Карло.
Алтонен важи како татко на „сопирањето со лева“, односно држење гас со десното стопало, додека со левото стопало се лизга меѓу спојката и сопирачката. Тој вели дека тоа е „свирење клавир со стопала“
Финецот е познат и по тоа што воведе детален „записник“ за возачката рута и прв испрати „шпиони за мраз“ за пред трката да ја проверат состојбата на патеката. Рауно е прв шеф-инструктор на возачкиот тренинг што BMW го воведе во 1976 година, а денес присуствува како „рели-професор“ на возачките настани на марките BMW и Mini.
https://photos.app.goo.gl/JuUfFycuYoL2Ar7c8
Влечната композиција од Mini Cooper S Countryman All4 и класичното Mini на приколка, започна во Минхен, со правец кон Балтичкото Море, за по 30 часовно возење да следат уште 14 часови во пат по снежната Финска.
Целта е Рованиеми, главен град на регионот Лапонија, познат во светот како „официјален дом на Дедо Мраз“. Секако дека предавањето на подарокот од Mini беше изведено без контакт, исто како и отворањето на транспортерот, за Алтонен да седне во испратеното Mini.
Финската рели-легенда не трошеше многу време и по кусо време почна да лизга во широки лакови по длабокиот снег. Алтонен повторно „свиреше клавир со нозе“.
https://photos.app.goo.gl/ExWXdpZFKqXyMUrV9
https://photos.app.goo.gl/BqZbR7FQeFshgo2BA
https://photos.app.goo.gl/BtHHM9CuW5ZLvxheA
https://photos.app.goo.gl/Haevz1v17R3ahSzs9
>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

















