Трамп ќе дозволи Кина да продава автомобили во САД, но само ако се произведени локално

Претседателот Доналд Трамп веројатно ќе дозволи кинеска автомобилска компанија да произведува електрични возила во САД, но само доколку вработува домашни работници. Високите царини во САД за увоз на возила од Кина ќе останат на сила.

Зборувајќи во интервјуто за Фокс Њуз, Трамп ги отфрли гласините дека тој ќе дозволи кинески автомобили да се увезуваат во САД. „Не дозволуваме неговите автомобили да влезат во Соединетите Држави и никогаш не сме го дозволувале тоа,“ кажа Трамп, посочувајќи на кинескиот лидер Си Џинпинг, додавајќи дека во спротивно би дошло до преплавување на автомобилскиот пазар во земјата.

„Но, ако Кина сака да дојде и да отвори фабрика, за тука да се произведуваат нивните автомобили, тоа е во ред за мене – Јапонија го прави истото – но, тие вработуваат наши луѓе,“ кажа Трамп. „Главното е во тоа што тие вработуваат наши луѓе, тие ангажираат наши луѓе.“

„Тоа што не сакам да се случи е тие да произведуваат во Мексико, за таму да ги произведат поевтино и да ги испратат преку граница,“ кажатој. „Тоа нема да се случи.“

Евтини кинески електрични автомобили, преплавени со технологија, од компании како БИД и Џили, забрзано го зголемуваат својот удел на светскиот пазар. Тие почнаа да се појавуваат и во Канада и Мексико, поради што се појави загриженост дека тие наскоро ќе почнат да бараат начини да влезат и во САД.

Кинеските возила во моментов наидуваат на голема пречка за влез на пазарот во САД, со високите царини, но и со забраната на Министерството за трговија, поради можното загрозување на националната безбедност, од системите за поврзување во возилата од противниците на САД, меѓу и Кина.

Остануваат уште неколку недели до планираната средба на Трамп со Си во Вашингтон.

Во јануарскиот говор во Економскиот клуб Детроит, во срцето на автомобилската индустрија на САД, Трамп кажа дека би дозволил кинеските производители да произведуваат автомобили во САД, порачувајќи „нека влезе Кина.“

Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, и членови на кабинетот на Трамп, во почетокот на годинава одржаа првични информативни разговори околу идната законска рамка, со којашто ќе им се овозможи да произведуваат возила во САД, но во исто време ќе се заштитат домашните компании. Тогаш не беа донесени конечни одлуки, посочуваат лица упатени во разговорите.

Сенаторката од Мичиген, Елиса Слоткин, чијашто сојузна држава ги вклучува седиштата на Форд во Дирборн и на Џенерал Моторс во Детроит, во почетокот на минатата недела предупреди, воопшто да не се дозволува кинеските автомобили да влезат на пазарот во САД.

„Слушаме гласини дека Трамп планира да дозволи продажба на кинески автомобили во САД, како дел од поголемиот договор што тој го составува,“ кажа Слоткин. Таа напомена дека тоа би претставувало „стратешка грешка“, што ќе предизвика „непоправлива штета“, не само врз автомобилската индустрија во земјата, туку и врз целиот производствен капацитет на САД, загрозувајќи ги работните места.

Увозот од Кина е „целосно лажна шпекулација“

Трамп во интервјуто за Фокс Њуз кажа дека гласините оти тој ќе дозволел кинески автомобили да се увезуваат во САД се „целосно лажна шпекулација,“ додавајќи дека тој е „единствен што ги спречува.“

Слоткин и Берли Морено, републикански сенатор од Охајо, кој пред да стапи во политиката раководеше со своите дилерства на територијата на Кливленд, предложија закони со коишто би се забраниле возила, со софтвер и хардвер што се поврзуваат со земјите противници на САД, вклучувајќи ја Кина.

Со оваа мерка со широк опфат, што ја поддржуваат Форд, Џенерал Моторс и синдикатот на автомобилските работници, ќе се забрани продажба на возила што се поврзуваат на мрежа, од производители на автомобили во коишто кинески компании имааат удел од најмалку 15 проценти. Законот во првобитната форма предизвика загриженост, дека со него неминовно ќе се отстранат и други странски производители, како Мерцедес-Бенц, каде што кинеските компании поседуваат удел од близу 20 проценти.

Претходна објаваШведска си го поддотера Волвото, малку шминка, повеќе безбедност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here