
Мицубиши ќе го примени системот САВЦ (Супер Ол Вил Контрол) за погон на сите тркала, што е заштитен знак на марката, но ќе примени и класична конструкција со носечка рамка, со цел поимот за теренско возило да се подигне „на сосем ново рамниште.“
Јапонскиот производотел на 24-ти август го пушти наменскиот вебсајт во чест на премиерата на новото Мицубиши Паџеро, што ќе се одржи во почетокот на следниот месец.
Новата генерација ќе го задржи традиционалниот „троен мерач“, што Мицубиши го нарелува „самата душа на Пајџеро“, за отчитување на аголот на нагорнината, наведнувањето и висината.
Мицубиши додава дека инженерите „отишле подалеку од обична носталгија“ при осмислувањето на Паџеро, за да применат „дигитална технологија од следната генерација“.
Јапонците уште не го прикажуваат целосниот изглед на возилото, но затоа јасно се гледаат светлата по цела ширина, што преоѓаат нагоре и надолу во самите завршетоци на носот.
Мицубиши спомнува дека легендарниот јапонски речи возач Хироши Масуока има високо мислење за Паџеро.

Ако има трка околу светот, Паџеро ќе биде прв
„Доколку има трка околу светот, Паџеро веројатно ќе биде најбрзото возило. Тоа е возило што не го избира својот пат,“ стои во изјавата на Масуока, што е пренесена на вебсајтот за премиерата на новиот модел. „Било да е низ пустина или на автопат, на снег или на дожд, тој гарантира дека секој ќе дојде сигурно до своето одредиште и секој патник ќе го донесе безбедно до крај.“
Мицубиши соопшти во почетокот на годинава дека наесен ќе го прикаже новото Паџеро и ќе го врати на прекуокеанските пазари, по петгодишна пауза.
Новата генерација на Паџеро ќе се произведува во Тајланд и ќе биде конструиирана врз техниката на пикапот од средна класа Тритон, којшто поседува конструкција со носечка рамка.
Мицубиши наведува дека Паџеро ќе биде спој од теренска способност со квалитети за градско возење. Компанијата вложува напори да го возобнови својот имиџ на работна машина, со враќањето на Паџеро и со новиот пикап за пазарот во САД, со цел да ја зголеми продажбата, и во време кога се бори против кинеската конкуренција, во своето традиционално упориште, на пазарите во Југоисточна Азија.
Во претходните објави, Мицубиши го спомнуваше името Монтеро, под коешто Паџеро во претходните генерации се продаваше во САД.
Првиот Паџеро се појави во 1982 година, втемелувајќи вредна традиција што 4-та генерација на моделот ја продолжи во 2006 година. Во 2020 година, Мицубиши престана со производство на Паџеро, за една година подоцна да ја затвори фабриката во Сакахоги, Јапонија.
Мицубиши планира цела серија модели што ќе го носат името Паџеро, исто како што направи претходно со серијата ванови Делика.
Вебсајтот за премиерата на новото Мицубиши Паџеро
https://www.mitsubishi-motors.co.jp/global/en/lineup/pajero/teaser/















