за

Шест нови електричари од Mercedes до 2022 година

Голема моделска офанзива на Mercedes-EQ. До 2022 година, во производство влегуваат шест нови модели со електричен погон под знакот на специјалната подмарка.

Шест нови електричари од Mercedes до 2022 година

Mercedes ја реализира стратегијата „Ambition 2039“, којашто води кон целосно ослободување од каква било емисија на СО2. Секако дека носечки дел од стратегијата се електричните автомобили. Неколку нови детали откриваат што ќе се случува, за почеток електричниот крстосувач ESQ пристига веќе в година.

Mercedes S-Class веќе се испорачува, но в година следи уште едно важно поглавје во топ-понудата на Штутгарт. Во новата „Фабрика 56“ во Зинделфинген, уште во првото полугодие од 2021 ќе стартува елекетирчната S-Class, под ознаката EQS и под подмарката EQ, којашто е специјализирана за возила со електрифициран погон.

Во меѓувреме во фабриката во Раштат стартуваше и производството на компактниот СУВ-модел EQA, а донесена е одлука во Унгарија да се произведува EQB, како електрична изведба на база на Mercedes GLB. Исто така се поставени планови за производство на електричен погон во светската мрежа на Daimler, во рамките на Electric First. Батерии исто така ќе се изработуваат во рамките на концернот.

Стартниот знак го даде почетокот на производството на EQC во фабриката во Бремен. Неколку месеци подоцна, кај кинескиот партнер BBAC (Beijing Benz Automotive Co. Ltd) започна производството на моделот за локалниот пазар. Годинава им се придружи EQV, како електрична изведба од V-Class, којашто доаѓа од Виторија, Шпанија.

Познат е датумот на светската премиера на следниот електричен модел. EQA, електричен СУВ на база на GLA, првпат ќе се појави на 20-ти јануари 2021. Производството штотуку стартуваше во Раштат. Сите електрични модели се произведуваат на иста линија со моделите со обичен погон. Така се смалуваат трошоците. EQA исто така ќе почне да се произведува в година, за Кина.

Mercedes EQA

https://photos.app.goo.gl/UZofTHa6Fw949Awb7

https://photos.app.goo.gl/8abV88Z4mMPpM5YX6

Производството на EQB, на база на GLB, во текот на следната година ќе стартува во Унгарија, во Кечкемет, како и во Пекинг, кај BBAC. Компактниот СУВ-модел EQB ќе биде прв комплетно електричен сериски автомобил од Унгарија. Таму се произведуваат и изведбите со хибриден погон од CLA, моделот дизајниран од македонската автомобилска гордост во Mercedes-Benz, Славче Таневски.

Mercedes EQB

https://photos.app.goo.gl/Kmptw4rzByEMdtcv7

Големиот момент во електро-стратегијата исто така следи во првото полугодие од 2021 година, во Фабриката 56 во Зинделфинген – стартува електричната лимузина EQS. Таа ќе се води во моделската понуда на S-Class, како самостоен модел со целосно електричен погон. Архитектурата на Mercedes EQS понатаму ќе се користи за останатите модели со електричен погон во луксузната и високата класа.

Mercedes EQS

https://photos.app.goo.gl/C4QHVDgx8n3zhwVQ7

Потоа ќе следи уште една важна премиера, Mercedes EQE, како E-Class со погон на батерија, којшто во втората пологина од 2021 година ќе почне да излегува од фабриката во Бремен. Набрзо потоа ќе се придружи и Пекинг. Тоа ќе биде четврти модел на Mercedes-EQ од фабриката во Пекинг, за кинескиот пазар.

Во 2022 година, Mercedes ќе произведува осум електрични модели Mercedes EQ во седум фабрики ширум светот

На спротивниот крај на светот, во фабриката во Таскалуза, САД, планирано е во 2022 година да започне производството на EQE SUV и EQS SUV – под овие кратенки се кријат електричните изведфи на GLE и GLS. Тие исто така ќе се произведуваат на заедничка лента со моделите со обичен и со хибриден погон.

Веќе во 2030 година, германскиот гигант очекува повеќе од половината од продажбата да отпаѓа на таканаречени xEV модели, односно автомобили со приклучен хибриден и електричен погон.

https://photos.app.goo.gl/uNQYYcEGb7647MyMA

Секако дека и smart е дел од е-стратегијата. Моделите smart EQ fortwo и smart EQ fortwo Cabrio моментно се произведуваат во фабриката во Хамбах, Франција, а во словенско Ново Место се произедува smart EQ forfour. Следната генерација на smart ќе се произведува во Кина, во заедничка фабрика со Zhejiang Geely Group (Geely Holding).

Mercedes моментно нуди 20 модели со приклучен хибриден погон. Нивниот број до 2025 година ќе се зголеми на 25 различни моделски изведби.

https://photos.app.goo.gl/1eCqcj7RDMP9EvXL8

>>> Mercedes во септември испорачал 2.500 примероци од електричниот EQC

Mercedes во септември испорачал 2.500 примероци од електричниот EQC

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini, фински рели-возач и многу снег

Mini, фински рели-возач и многу снег

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Toyota Yaris втор најпродаван модел во Европа во ноември