Toyota Yaris втор најпродаван модел во Европа во ноември

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Меѓу клучните моменти во оваа корона-година, од гледиште на автомобилската сцена, покрај многуте перипетии, сигурно се вбројува и денешната вест: Toyota Yaris со близу 20.000 примероци е втор најпродаван модел на европскиот пазар, веднаш зад „класичарот“ на таа позиција, Volkswagen Golf.

Пазарот на автомобили се менува со исклучително темпо и со радикални промени. Продажниот бум со електричните автомобили, нема да остане само како феномен во годината кога целиот пазар на автомобили во глобални рамки ослабна, туку е сосем извесно дека ќе продолжи и во следните години. Но, една марка и еден погон што уште пред дваесет години ги поставија основите за денешната електрификација, како штотуку да ја живее кулминацијата и ултимативната сатисфакција. Сета оваа „бучна“ најава е заради еден автомобил.

Toyota Yaris, единствениот модел со целосно хибриден погон во класата на градските автомобили (единствен покрај Renault Clio E-Tech или Honda Jazz Hybrid, кои уште отсуствуваат во статистиките), во ноември се најде во својот зенит. Јапонскиот автомобил од француската фабрика на Toyota е втор на списокот на најпродавани модели во претпоследниот месец од годината. Секако, тоа значи дека Yaris е веднаш зад Golf, класичар на врвот на продажните статистики во Европа.

Намалената продажба кај традиционалниот бестселер Golf повеќе се должи на воведувањето на електричниот ID.3, отколку на слабеењето на интересот за моделот

Volkswagen Golf во ноември постигнал 24.784 продажби во Европа (-27%), додека Toyota Yaris во исто време забележал зголемување од 29 проценти во споредба со истиот месец лани, и се продал во вкупно 19.397 примероци. Водечката тројка ја заокружува Renault Clio, блиску до Yaris, но и тој со минус 16 проценти.

https://photos.app.goo.gl/auHrrzzaSXFan5Xv8

Од овој триумф профитира и Toyota. Таа е седма најпродавана марка во Европа во ноември и единствена „масовна“ марка е во Топ 10, што е во плус во ноември, иако тој изнесува само 1%. Само уште премиум марката Audi напредувала во споредба со ноември лани, исто така со раст од еден процент.

Целиот европски пазар, патем, во ноември назадувал за 13% во споредба со лани, со вкупно 1.045.129 примероци. Целосниот извештај на ноемвриската продажба ќе го објавиме наскоро.

Toyota Yaris Hybrid во меѓувреме беше и на гости во Аутомедиа

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Претходна објаваШест нови електричари од Mercedes до 2022 година
Следна објаваПратките во Холандија се разнесуваат со електрични камиони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here