Австриската пошта го објави електричниот MAN на поштенска марка

Австриската пошта го објави електричниот MAN на поштенска марка

Поштата на Австрија го искористи заокружувањето на двеилјадитото електрично возило во својот возен парк со објавување поштенска марка со вредност од 1,35 евра, којашто го прикажува електирчниот MAN e-TGE.

Испораката на 25-те примероци од e-TGE започна во септември и ќе се одвива до крајот на годината. Овие возила ќе се користат во подрачјето на Грац. Во престолнината на сојузната држава Штаерска, доставата на писма, каталози и пакети ќе се одвива строго со возила што користат електричен погон.

Австриската пошта до крајот на годината ќе располага со вкупно 1.100 електрични велосипеди и мопеди, како и со близу 1.000 електрични комбиња. Возилата се користат секојдневно во доставатана пратки. Тоа е најголем возен парк од електрични возила во Австрија.

https://www.instagram.com/p/CIfmzhLF7od/

>>> MAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година

 

Претходна објаваЈутјуб го одликуваше BMW со „Златно копче“
Следна објаваMini, фински рели-возач и многу снег

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here