за

MAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година

MAN TGX го понесе насловот на светски камион за 2021 година. Свеченото врачување, вообичаено за овие времиња, се одржа виртуелно.

man tgx светски камион на годината 2021 itoy

Денес многу работи се завршуваaт далечински, па така и прогласувањето на победниците. Џаненрико Грифини, претседател на жирито, застанат покрај свежо полиран MAN TGX пред кулисата на замокот Вила Реале во Монца, преку телефонски разговор со Андреас Тостман, виртуелно му ја врачи на шефот на MAN наградата за камион на 2021 година за TGX.

Наградата за Интернационален камион на годината (ITOY) се вбројува меѓу најважните одликувања во транспортната бранша. Традицијата влече корени од 1977 година. Жирито го сочинуваат новинари од цел свет. Гремиумот моментно се состои од 24 членови. MAN осми пат ја освојува ценетата награда.

Според оцените на жирито „MAN со својата нова генерација камиони понуди на пазарот тешка серија модели што е ориентирана кон иднината и оптимално ги исполнува денешните барања на пазарот, исто како и предизвиците од иднината.“ Голем придонес за триумфот има и намалувањето на потрошувачката на гориво.

Развојот на новиот TGX траеше подолго од пет години и имаше за цел да се понуди најдобриот камион за возачот и за клиентите. Претседателот на извршниот одбор Торсман, по победата во изборот изјави дека „целта е постигната“.

Жирито почна со тестирања на кандидатите за камион на годината уште во февруари. Покрај квалитетот на престој и возниот комфор, новиот MAN освои бодови и со едноставното следење на целосно дигиталните инструменти со лесното ракување со функциите.

Погонската спрега што работи според нормата Euro 6d, заедно со подобрената аеродинамичност и со темпоматот што е поврзан со GPS, постигнува за 8,2 проценти намалена потрошувачка на гориво во споредба со претходникот.

>>> Volkswagen доби пристап на камионскиот пазар во САД

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Македонската Toyota го најавува новиот СУВ-модел Highlander

Македонската Toyota го најавува новиот СУВ-модел Highlander