за

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Експедиција од девет примероци од ексклузивниот Lamborghini Urus беше во посета на питорескната Карелија, во Русија.

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Конвој од девет примероци од суперспортскиот СУВ Urus извозе 760 километри на Северот на Европа, по автопатишта, планински превои и теренски тури во питорескната Република Карелија.

Суперспортските марки организираат посебни настани за своите клиенти, со заеднички тури во краишта со единствена убавина и голема доза на екслузивност. Кај марката од Сант Агата, овие настани се водат како Lamborghini Esperienza Dinamica.

Ексклузивната програма започна од новата тркачка патека Игора Драјв. Секако дека возењето по тркачкиот асфалт им овозможи на сопствениците на Lamborghini Urus целосно да ги доживеат неговите исклучителни перформанси. Убава глетка, со шест различни бои на каросеријата: Giallo Auge yellow, Verde Hydra green, Blu Eleos, Blu Astraeus, Grigio Lynx, Grigio Nimbus Matt и темна Grigio Keres.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На гостите им беше претставен и уникатниот Huracán EVO GT Celebration, подготвен во чест на триумфот на италијанската марка на 24 часа Дајтона и 12 часа Себринг.

Караванот потоа се упати на север, кон волшебната Карелија и до прочуеното езеро Ладога. Во вториот ден се возеше по каменестиот терен на ртот Таруниеми, во правец на резерварот Толвајарви. Моќниот СУВ се пробиваа по предизвикувачките терени покрај стогодишни шуми, и заштитени езера. Следно одредиште беше Вјартсилија, населба покрај границата со Финска, за оттаму конвојот да се врати до појдовната точка. Минатата година првпат се одржа експедиција на Lamborghini во Русија, во Алтај.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Lamborghini Urus користи 4.0-литарски V8 твин-турбо со 650 КС при 6.000/min и вртежен момент од 850 Nm при 2.250/min. Спринтот на Urus од место до 100 km/h трае 3,6 секунди, до 200 km/h за 12,8 секунди, а крајната брзина е 305 km/h. Побрз е единствено Bentley Bentayga Speed.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новина за 2021 година е достапноста на верзија со двобојна каросерија, што се води како дизајнерска едиција Urus Pearl Capsule. Цената на основната изведба на Lamborghini Urus во Русија изнесува 17,175,325 рубли или околу 190.600 евра.

>>> Lamborghini со рекорден септември среде криза

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кусо пред да се реши тековното првенство, Toyota го пушта GR Yaris Rally Concept како ново возило во WRC 9, официјалната игра што го придружува светскиот рели шампионат. Секој може да стане светски шампион во рели со новата Toyota GR Yaris Rally Concept. Вистина е дека станува збор само за видеоигра, но титулата никој не може да ја оспори. Овој прототип ќе биде достапен во декември во „WRC 9“, официјалната игра што е дел од светското првенство во рели WRC. Возилото за видеоиграта е изработено од прочуените Nacon. Тоа гарантира дека љубителите на мотоспортот и на видеоигрите ќе имаат одлична можност на сопствена кожа да ја доживеат возбудата во релито. Возењето Toyota во рели е голема работа, покрај долгата историја на успеси во оваа категорија на мотоспортот. Предизвикот да се освои првенството е уште поголем, имајќи предвид дека во декември претстои разрешницата во светското првенство во рели. Toyota Gazoo Racing во италијанската Монца ќе се бори и за титула во конкуренција на производители, и за возачка титула. Елфин Еванс моментно води со 14 бодови пред својот тимски колега Себастиен Огие. Toyota GR Yaris во неговото „вистинско“ издание е комплетно нова конструкција, со платформа што е комбинација од GA-B на новиот цивилен Yaris и од GA-C од поголемата Corolla. Делови од каросеријата се израсботени од алуминиум, покривот е дури од карбон. Моторот е 1,6-литарски турбо со 261 КС и со карактер што е типичен за релито, односно со моќно ослободување њутнметри уште при ниски вртежи. Конкретно станува збор за 360 Nm. Спринтот до темпо сто трае само 5,5 секунди, крајната брзина е ограничена на 230 km/h. Тежината е релативно ниска и изнесува 1.280 килограми. Погонот е на сите тркала, со можност за избор на повеќе програми за возење, вклучувајќи и дрифт-програма. Заедно со Toyota GR Yaris Rally Concept, во видеоиграта се појавуваат уште Toyota Yaris WRC 2020 и легендарната Toyota Corolla WRC од 1999 година, кои веќе подолгто време се дел од „WRC 9“

Секој може да биде рели-шампион со Toyota Yaris во WRC9

man tgx светски камион на годината 2021 itoy

MAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година