за

Секој може да биде рели-шампион со Toyota Yaris во WRC9

Toyota GR Yaris послужи како основа за новото возило што е достапно за избор во видеоиграта WRC 9.

Кусо пред да се реши тековното првенство, Toyota го пушта GR Yaris Rally Concept како ново возило во WRC 9, официјалната игра што го придружува светскиот рели шампионат. Секој може да стане светски шампион во рели со новата Toyota GR Yaris Rally Concept. Вистина е дека станува збор само за видеоигра, но титулата никој не може да ја оспори. Овој прототип ќе биде достапен во декември во „WRC 9“, официјалната игра што е дел од светското првенство во рели WRC. Возилото за видеоиграта е изработено од прочуените Nacon. Тоа гарантира дека љубителите на мотоспортот и на видеоигрите ќе имаат одлична можност на сопствена кожа да ја доживеат возбудата во релито. Возењето Toyota во рели е голема работа, покрај долгата историја на успеси во оваа категорија на мотоспортот. Предизвикот да се освои првенството е уште поголем, имајќи предвид дека во декември претстои разрешницата во светското првенство во рели. Toyota Gazoo Racing во италијанската Монца ќе се бори и за титула во конкуренција на производители, и за возачка титула. Елфин Еванс моментно води со 14 бодови пред својот тимски колега Себастиен Огие. Toyota GR Yaris во неговото „вистинско“ издание е комплетно нова конструкција, со платформа што е комбинација од GA-B на новиот цивилен Yaris и од GA-C од поголемата Corolla. Делови од каросеријата се израсботени од алуминиум, покривот е дури од карбон. Моторот е 1,6-литарски турбо со 261 КС и со карактер што е типичен за релито, односно со моќно ослободување њутнметри уште при ниски вртежи. Конкретно станува збор за 360 Nm. Спринтот до темпо сто трае само 5,5 секунди, крајната брзина е ограничена на 230 km/h. Тежината е релативно ниска и изнесува 1.280 килограми. Погонот е на сите тркала, со можност за избор на повеќе програми за возење, вклучувајќи и дрифт-програма. Заедно со Toyota GR Yaris Rally Concept, во видеоиграта се појавуваат уште Toyota Yaris WRC 2020 и легендарната Toyota Corolla WRC од 1999 година, кои веќе подолгто време се дел од „WRC 9“

Кусо пред да се реши тековното првенство, Toyota го пушта GR Yaris Rally Concept како ново возило во WRC 9, официјалната игра што го придружува светскиот рели шампионат.

Секој може да стане светски шампион во рели со новата Toyota GR Yaris Rally Concept. Вистина е дека станува збор само за видеоигра, но титулата никој не може да ја оспори. Овој прототип ќе биде достапен во декември во „WRC 9“, официјалната игра што е дел од светското првенство во рели WRC.

Возилото за видеоиграта е изработено од прочуените Nacon. Тоа гарантира дека љубителите на мотоспортот и на видеоигрите ќе имаат одлична можност на сопствена кожа да ја доживеат возбудата во релито. Возењето Toyota во рели е голема работа, покрај долгата историја на успеси во оваа категорија на мотоспортот.

Предизвикот да се освои првенството е уште поголем, имајќи предвид дека во декември претстои разрешницата во светското првенство во рели. Toyota Gazoo Racing во италијанската Монца ќе се бори и за титула во конкуренција на производители, и за возачка титула. Елфин Еванс моментно води со 14 бодови пред својот тимски колега Себастиен Огие.

Toyota GR Yaris во неговото „вистинско“ издание е комплетно нова конструкција, со платформа што е комбинација од GA-B на новиот цивилен Yaris и од GA-C од поголемата Corolla. Делови од каросеријата се израсботени од алуминиум, покривот е дури од карбон.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моторот е 1,6-литарски турбо со 261 КС и со карактер што е типичен за релито, односно со моќно ослободување њутнметри уште при ниски вртежи. Конкретно станува збор за 360 Nm. Спринтот до темпо сто трае само 5,5 секунди, крајната брзина е ограничена на 230 km/h. Тежината е релативно ниска и изнесува 1.280 килограми. Погонот е на сите тркала, со можност за избор на повеќе програми за возење, вклучувајќи и дрифт-програма.

Заедно со Toyota GR Yaris Rally Concept, во видеоиграта се појавуваат уште Toyota Yaris WRC 2020 и легендарната Toyota Corolla WRC од 1999 година, кои веќе подолго време се дел од „WRC 9“.

>>> Toyota GR Yaris со концентрат од коњски сили

Toyota GR Yaris

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија

Конвој од Lamborghini Urus на експедиција во Република Карелија