за

Lamborghini со рекорден септември среде криза

Automobili Lamborghini постигна рекордна септемвриска продажба. На клиентите им беа испорачани 738 возила.

Lamborghini со рекорден септември среде криза

Третиот квартал заврши одлично за марката со брзите и скапи автомобили. За три месеци, од јули до септември, Lamborghini испорача 2.083 возила. Тоа меѓу другото докажува дека ниту една криза не може вистински да ја наруши продажбата на ексклузивните возила.

Во годината во којашто целата индустрија и целиот свет се соочуваат со последиците од корона-кризата, Lamborghini се реорганизираше и го постави работењето во компанијта според „новото нормално“. Иако компанијата во Сант Агата меѓу првите ги затвори фабриките и канцелариите, давајќи највисока важност на здравјето на вработените, Lamborhini по седумнеделната пауза брзо ја врати вообичаената динамика, постапувајќи според сменетите стратегии на работа.

Со повторното отворање на фабриката, Lambo лансираше три модели: Huracan RWD Spyder, Sián Roadster и Essenza SCV12. Италијанците имаа важно достигнување, со производството на 10-илјадитите примероци од Urus и Aventador. Во исто време се ставаше силен нагласок на присуството на марката на друштвените мрежи и беше лансиран културниот проект за подршка на земјата тешко погодена од пандемијата: With Italy, For Italy.

>>> Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron gt производство

Audi e-tron GT се произведува исто како суперавтомобил

NAWA карбонска батерија

Нова карбонска електрода ветува голем напредок во батериската техника