Нова карбонска електрода ветува голем напредок во батериската техника

NAWA карбонска батерија

Конструкцијата и материјалот на електродата моментно е меѓу најголемите ограничувања за моќноста, енергијата и експлоатацискиот век на батериите. Актуелните батерии користат неефикасен прав, со ниска електрична, термичка и јонска спроводливост. На тоа се надоврзуваат и слаби механички својства при празнење и полнење, поради што батеријата брзо старее.

Карбонската наноцевка на Nawa, којашто во исто време е основа и за ултракондензатори од следната генерасција, комбинира највисока јонска спроводливост со највисока електрична и термичка спроводливост. Тоа се постигнува со густина од сто билиони наноцевки по сантиметар квадратен, поставени вертикално.

Според компанијата, моќноста на батеријата се зголемува десетпати, капацитетот за три, експлоатацискиот век за пет, а во исто време се скусува и поленњето, коешто се мери во минути, место во часови. Понатаму се наведува дека електродите учествуват со 25 проценти во вкупната цена на батеријата. Со пазар на литиум-јон батерии што моментно вреди 35 билиони долари, новата батериска технологија на Nawa може да донесе значително намалување на трошоците.

Техно-компанијата со седиште во Франција наведува дека новиот вид универзални батерии може да им се понуди на партнерстките компании за само 12 месеци. Во Nawa очекуваат дека технологијата ќе почне да се произведува најрано во 2023 година. Полнењето ќе се скуси на пет минути (до 80% наполнетост), додека бројот на циклуси ќе се зголеми петпати.

>>> Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Претходна објаваLamborghini со рекорден септември среде криза
Следна објаваАвтоматските менувачи во победнички поход

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here