Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Вградувањето батерии со цврст електролит во сериско производство, според предвидувањата требаше да се случи дури по 2025 година. Mercedes-Benz беше побрз. Новиот eCitaro G е прв сериски градски автобус со батерија со цврст електролит.

Главната одлика на новиот вид батерии е мошне високата енергетска густина. Таа е за околу една четвртина поголема во споредба со идната генерација класични литиум-јон батерии со течен електролит. Како резултат од тоа, eCitaro G располага со капацитет на батерија од 441 kWh. Уште една важна предност во поглед на животната средина е тоа што не се користи кобалт.

Новите батерии со цврст електролит се одликуваат и со висока трајност. Тоа му овозможува на германскиот производител да понуди гаранција до десет години, односно да гарантира енергетски трансфер од најмалку 280 MWh по батерија.

Како алтернатива се нудат нови NMC-батерии со коишто сепак се постигнува побрзо полнење

Единственото подрачје во коешто заостануваат овие батерии е брзината на полнење. Поради тоа, на клиентите на коишто им е особено важно брзото полнење, Mercedes им нуди алтернатива за вградување нова генерација NMC-батерии (никел-манган-кобалт) во eCitaro G.

Капацитетот на новите NMC-батерии не заотанува многу зад понапредните батерии со цврст електролит. Со згоемувањето на капацитетот од 24 на 33 kWh по модул, автобусот eCitaro G со алтернативната NMC-батерија располага со вкупен капацитет до 396 kWh. Овие батерии може да се вградат без проблем и во постоечките автобуси, по повеќе години, кога батеријата ќе ослабне и ќе има потреба за нејзина замена.

Новите батерии од зглобниот eCitaro G ќе се вградуваат и во верзијата на соло-автобус што е присутна на пазарот уште од 2018 година.

Mercedes-Benz eCitaro G со електричен погон располага со капацитет за превоз на 157 лица, за погонот се задолжени два електромотори со моќност од по 125 kW и вртежен момент од 485 Nm по електромотор. Батерискиот модул се состои од 7 батерии со цврст електролит, со капацитет од 63 kWh по батерија. Должина 18.125 mm, ширина 2.550 mm, висина 3.400 mm

https://www.instagram.com/p/CFRUjaRHV__/

Претходна објаваЗа првиот техничар на Porsche досегот на струја не е најважен
Следна објаваЕлектрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here