за

За првиот техничар на Porsche досегот на струја не е најважен

Михаел Штајнер, шеф за развој во Porsche, порачува дека досегот на електричните автомобили не е клучниот критериум. Приоритетите кај Taycan биле поставени повеќе во другите подрачја.

Porsche Taycan продажба рекорд

Во спортската марка Porsche ценат дека целта при развојот на електричните возила не треба да биде поставена првенствено на постигнувањето поголем досег од конкуренцијата.

Според Михаел Штајнер, претседател за развој и истражување во Porsche, „досегот секако дека е релевантен, но прашањето многу повеќе е: Колку е важен досегот во споредба со останатите својства на автомобилот?“

Овој принцип се почитувал и за Taycan, првиот чисто електричен модел на Porsche. „Со Taycan не планиравме да станеме шампиони во досегот, но затоа сакавме да поставиме мерила во поглед на возната динамика“, објаснува Штајнер.

Досег од околу 400 километри е разумна вредност

Porsche добиваше многу критики по пазарниот старт на Taycan, особено во споредбите со американскиот пионер на електричниот погон Tesla. Недоволно е вниманието да се поставува само на досегот, аргументира Штајнер: „Ние цениме дека разумен досег е вредност од околу 400 километри, а тоа го постигнавме со Taycan.

Колку е поголема батеријата, толку повеќе енергија се троши за автомобилот да се произведе, исто како што се троши енергија за таа батерија да се движи секојдневно.

Поважна е брзината на полнење на батеријата

„Според мене, од гледиште на одржливоста, исто така е бесмислено да се води трка со цел да се постигне најголемиот можен досег“, продолжува Штајнер. „Кога се возат долги рути – а тоа обично не се случува секој ден – многу се поважни брзото полнење и соодветната густина од полначи за струја.“

Досегот ќе продолжи да расте. Се подобрува технологијата на ќелиите, а останува уште простор за усовршување и на ефикасноста на електромоторите и на контролата на нивната работа.

>>> Audi му помага на Porsche да ја удвои продукцијата на Taycan

Audi му помага на Porsche да ја удвои продукцијата на Taycan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW 128ti

BMW 128ti по пример на легендарниот „нул-цво“

Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит

Автобус на Mercedes прв во свет со батерија со цврст електролит