За својот трет модел што вози само на струја, Audi објаснува дека тој ја прикажува страста со којашто премиум марката ги конструира и ги произведува електричните автомобили. Audi Gran Turismo или Audi e-tron GT се произведува во престижната мануфактура Белингер Хефен, во рамките на фабриката во Некарсулм. Покрај тоа што за возилото се користат врвни и пионерски технологии, во завршната монтажа на баварскиот електромобил се применува рачна работа и се ангажираат врвни мајстори. Целиот пакет го заокружува посебно компонирана звучна придружба на возењето – затоа што електромоторите се многу тивки.
Audi e-tron GT е прв чисто електричен модел на марката, што се произведува во Германија, за разлика од e-tron кој доаѓа од Брисел. Производството во ексклузивната мануфактура Белингер Хефен ќе започне кон крајот на годината.
Меѓу новите процеси што се воведоа посебно за GT спаѓа и виртуелното тестирање на зафатите на работниците при монтажата на возилото. Ова е прв случај Audi да користи виртуелна техника за таа цел. Истата се користеше и за логистиката. Уште една новина: До готов модел првпат се дојде без потреба од претходна изработка на физички прототип.
https://photos.app.goo.gl/DXd3Ka9k2n6B5Lcp6
Каросеријата во најголем дел се состои од хајтек-челик со висока цврстина и алуминиум. Голем дел од процесите во изработката на каросеријата се вршат рачно. Каросериите двапати ја минуваат монтажната лента. Клучниот елемент во оваа лента е т.н. двократен врамувач, во кој десет роботи ги процврстуваат внатрешните и надворешните странични делови.
Слушнете го звукот на Audi e-tron GT
Уште една новина е инлајн-мерната постапка за каросериите. Таа има за цел да ја зголеми прецизноста и реагира на најмали отстапувања. На крајот на монтажата следи рачна работа. Искусни мајстори ги поставуваат каросериските додатоци и го проверуваат финишот. За технологијата што се користи сведочи и длабочината на извлекување на челниот лим од 35 сантиметри.
Монтажната линија се состои од 36, место 16 работни тактови. Гран-туризмото на струја ја дели линијата со R8. Двата комплетно различни модели се превезуваат на транспортери без возач и на висечка лента со електричен погон. Во еден дел од линијата, луѓе работат врз возилата заедно со роботи. По потреба, работникот печати алат за монтажа на 3D-печатач. Откако возилото ќе биде комплетно, се вози 40 километри на јавни патишта, вклучувајќи автопат и градски сообраќај.
>>> Зошто електричниот Audi e-Tron GT звучи како V8 во новиот „Авенџерс“

















