Моделите на Kia дваесет и пет пати досега се одликувани со највисоката награда за дизајн во рамките на Red Dot. Најновиот придонес пристига од кросоверот Kia XCeed, автомобил што со својот дизајн му даде сосем нова смисла на овој сегмент.
Кросоверот во гамата на Kia Ceed освои награда за дизајн Red Dot за 2020 година. Победата на Kia XCeed во категоријата на „Дизајн на производ“, го заокружува триумфот на целото моделско семејство. Сите четири модели во понудата на Kia во компакт класата – Ceed, Ceed StationWagon, ProCeed и сега Xceed – одликувани се со ценетата награда за дизајн.
XCeed со последниот триумф го заокружи бројот на победи на Kia во рамките на Red Dot на вкупно 25, откако марката победи првпат во 2009 година.
Kia цели постојано да го подобрува квалитетот, како и на корисниците да им понуди одушевувачко и интересно доживување. Кросоверот Kia XCeed ја претставува оваа нова визија. Особено сум горд за тоа што напорите на нашиот тим се ценат од корисниците ширум светот.
Карим Хабиб, главен дизајнер на Kia
Ова е втора голема награда за XCeed и за целото моделско семејство на Ceed, по освојувањето на iF Award во почетокот на годинава. Кросоверот ја освои и престижната награда „Златен Волан (Das Goldene Lenkrad)“ во Германија во 2019 година, како и наградата за најдобар градски автомобил во светот во избор на дамите (Women’s World Car of the Year).
>>> Kia XCeed со награда за дизајн, четврта за моделското семејство Ceed
XCeed е урбан кросовер, како спој меѓу практичност на SUV – во случајов легендарниот Sportage – со спортски печат и динамични возни својства на класична комбилимузина. Моделот е наменет за растечкиот круг на возачки и возачи во Европа, кои бараат посилни емоции и повисока динамичност од СУВ, воедно ставајќи посебен печат на изгледот и општо на стилот.

Моделот е развиен строго за европскиот пазар, во центарот на Kia во Франкфурт, Германија. Од стартот на продажбата во втората половина од 2019 година, досега се продадени повеќе од 20.000 примероци. Неодамна започна продажбата и на изведбата со плагин-хибриден погон.
Четириесет независни дизајнери, професори и новинари од целиот свет, во рамките на Red Dot Awards ги избираат најдобрите производи и решенија во три карегории: Дизајн на производ, Марка и комуникација, Концепт на дизајн. Се оценува врз основа на иновативноста, квалитетот, функционалноста и подносливоста за животната средина. Годинава беа номинирани 6.500 производи и решенија од 60 држави ширум светот. Изборот се организира од 1955 година.
















