Уште една награда за дизајн за моделското семејство на Kia Ceed. По ланскиот хет-трик, кога матичниот Ceed, комби изведбата Ceed Sportswagon и купе-комбито ProCeed ја освоија наградата за дизајн iF, годинава низата ја комплетира и кросоверот XCeed.
Како и во годините досега, марката што вложува многу во дизајнот на своите возила не остана само на еден трофеј. Награда освои и визијата за автомобил на иднината со електричен погон Imagine by Kia. Оваа напредна футуристичка студија е дизајнирана во студиото на Kia во Франкфурт, исто како и целото моделско семејство Ceed. Преку овој автомобил, марката покажува како натамошниот наредок во ерата на електромобилноста ќе влијае врз изгледот на возилата.
Откако Kia го освои првиот трофеј во рамките на iF Award, досега немало година марката да остане без награда. Со победниците за 2020 година, бројот на модели што биле одликувани со iF Award достигна дваесет.
Kia XCeed се поставува како замена за традиционалните СУВ возила, со впечатливиот стил што спојува модерна форма и силуета на купе автомобил. Исто како ProCeed, кросоверот се издвојува во моделското семејство, но и општо во рамките на конкуренцијата, како стилски специјалист. Единствено предните врати се исти со Ceed.
Наскоро во понудата ќе пристигне и моделска изведба со плагин-хибриден погон и досег до 58 километри при возење само на струја. Тука ќе има силна борба со уште еден моќен кросовер во компакт-класата, Toyota C-HR, кој традиционално за марката вози со хибриден погон.
XCeed претходно освои и „Златен волан за 2019 година“ на изборот на германските медиуми Auto Bild и Bild am Sonntag, како победник во категоријата на автомобили до 35.000 евра. Уште една вредна награда е титулата на „Светски автомобил на 2019 година во избор на дамите“, во категоријата на градски автомобили.
Во конкуренција за iF Design Award за годинава се најдоа 7.300 производи од 56 држави
Манифестацијата iF Design Award се одржува уште од 1953 година и денес важи како една од најценетите во подралчјето на дизајнот. Околу изборот решава iF International Forum Design GmbH со седиште во германскиот град Хановер. Тоа е најстара независна институција за дизајн во светот. Победниците ги избира жири од 78 дизајнерски експерти од преку 20 држави.
Изборот се одвива во седум категории: Дизајн на производ, на комуникација, пакување и услуга, архитектура и внатрешна архитектура, како и професионални концепти. Kia XCeed победи во категоријата на дизајн на производ, додека студијата Imagine by Kia беше најдобра меѓу професионалните концепти.
















