Дизајнерите на Kia препознаа унифицираност кај постоечките електрични автомобили. Сите изгледаат здодевно. Концептот наречен Imagine by Kia сака да го смени тоа.
Kia е една од многуте марки што во Женева изложуваат само модели со електричен погон. Како светска премиера е прикажан концептот „Imagine by Kia“. Додека повеќе од половината автомобилски марки уште се во фаза на најава на модели што користат електромотор во погонската спрега, корејската марка веќе напредуваше далеку. Заедно со „Imagine“ на штандот е изложен e-Soul, кој има европска премиера и локално ќе се продава само во електрична изведба, а има новитети и во гамата на кросоверот Niro, кадешто се нудат речиси сите замисливи погонски варијанти.
Моментно еден од секои осум продадени автомобили на Kia низ светот има електричен или електрифициран погон
Дизајнот на „Imagine by Kia“ е дело на центарот во Франкфурт, кој со концептниот автомобил имаше цел да создаде изглед кој ќе ги побуди емоциите, во спој со возни својства што го раздвижуваат адреналинот. Очигледно дека дизајнерите во германскиот центар воочиле дека повеќето автомобили со електричен погон изгледаат, благо речено, исплакнато.
https://photos.app.goo.gl/6CbrY2Yr6A73aVFR7
Од Kia не наведуваат дали постојат конкретни шанси за реализација на идејата во сериски автомобил, но се насетува намерата за тоа, кога менаџерите напоменуваат дека „ова е првиот електричен автомобил на Kia со четири врати“. Може да се замисли идна купе-лимузина со погон на струја, којашто и натаму ќе отстапува од вообичаените рамки и стандарди, веројатно некоја форма на електричен Stinger. Интересен детал е светлечкиот лак над вратите, како и целосно различниот концепт на светлосните групи напред и назад.
https://photos.app.goo.gl/7qF7FdJ7MKDpA4gT8
Дизајнерскиот тим се посветил и на новата слобода во креирањето на ентериерот, бидејќи електричниот погон со своите компактни димензии и флексибилност при поставувањето на компонентите отвора многу простор. Како пародија на актуелната манија со вградување многубројни дисплеи, во кокпитот на „Imagine by Kia“ се поставени дури 21 дисплеи со ултрависока резолуција.
https://photos.app.goo.gl/BWZzKMQEHGQTdWao6
https://photos.app.goo.gl/7Zi3V1r6qH9FnozD6
Kia e-Soul со душа вози на струја
Kia има уште еден Ceed за „посадување“
Kia Stinger е автомобил на годината во Канада
Три модели на Kia со признание за најдобра противвредност во САД
















