Lamborghini Aventador SVJ Roadster побрз од честичките ПМ10

Lamborghini Aventador SVJ Roadster

Во екот на рекламите за филтри за пречистување на воздухот, Lamborghini во Женева претставува автомобил кој може да даде голем придонес во растерувањето на опасните честички. Со 770 КС и крајна брзина од 350 km/h, Aventador SVJ Roadster може да го направи провевот што хронично недостига во македонската метропола

Поевтино од план-програма за прочистување на воздухот во поголемите македонски градови и поделотворно од мобилна апликација со којашто човек во секој момент може да го дознае интензитетот на загаденоста на воздухот. Во трите денови откако е започнат салонот во Женева, дури сега се издвојува еден автомобил кој може да биде од суштинска важност за еко-сферата во Скопје и останатите македонски градови: Lamborghini Aventador SVJ Roadster, како отворена каросериска изведба на Aventador SVJ.

https://photos.app.goo.gl/9uqBQPNsQ9s7jeci6

Ексклузивниот и недостижно брз модел од Сант Агата ја ужива својата светска премиера на швајцарскиот салон за автомобили. Според шефот Штефано Доменикали, автомобилот во основа е „исто толку возбудлив за возење како Aventador SJV, но со додадена ексклузивност: Опцијата за возење под отворено небо.“ Тука веднаш паѓа асоцијацијата на проблемот со воздухот, со којшто се соочуваме секоја зима.

https://photos.app.goo.gl/6gqgk8gh2fF7N93m7

Lamborghini Aventador SVJ Roadster со своите 350 km/h минува растојание од еден до друг крај на Скопје за помалку од 3,5 минути

Со 770 КС при 8.500 вртежи и 720 њутнметри при 6.750 вртежи, Lamborghini Aventador SVJ Roadster забрзува од место до темпо сто за 2,9 секунди, до темпо двесте за 8,8 секунди, и нема да запре се додека не постигне 350 km/h. Забрзувањето во негатива е подеднакво импресивно: 31 метри од 100 km/h до нула. Со вакви својства, италијанскиот родстер е совршен за инстантно да направи провев, на пример, во Скопје, кога градот се задушува поради недостиг од провев. Со неколку тури од еден до друг крај на градот, македонската метропола гарантирано ќе ужива во исто толку чист воздух колку во канадско гратче.

https://photos.app.goo.gl/avDurddDdoNLrNdk6

Покривот на родстерот е изработен од карбон и по отстранувањето се сместува под предниот капак. Половина покрив тежи помалку од шест килограми. Во споредба со купето и со неговите 1.525 kg, отворената каросериска изведба на Aventador е потешка за само 50 килограми. Сант Агата д’Болоњезе ќе изработи само 800 примероци.

Испораките ќе следат во текот на летово, по цена од 387.007 евра, без данок.

Новите модели на Lamborghini ќе користат хибриден погон

Lamborghini Aventador SVJ со рекорд во сериската опрема

Lamborghini одбележува 50-годишнина на Espada и Islero

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро

Претходна објаваBMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди
Следна објаваKia замислува електричен автомобил што ќе ги буди чувствата

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here