Германија ја продолжува важноста на техничкиот преглед на возилата

Ford видео сервисирање
Ford видео сервисирање

Датумот за задолжително обновување на техничкиот преглед и регистрацијата на возилата во Германија се продолжува за четири месеци. Тоа е начин за растоварување на метежот во станиците за технички преглед и уште една мерка за спречување на инфицирањето од вирусот.

Откако во минатата седмица Велика Британија донесе одлука да ја продолжи важноста на техничкиот преглед и регистрацијата на возила за шест месеци, сега и Германија го следи чекорот. Од претходните два месеци, датумот на важност на регистрацијата сега се одложува за четири месеци.

Германското министерство за сообраќај ја донесе одлуката во согласност со правилата за ограничување на движењето и престојот во заеднички простории на повеќе лица, во услови на пандемија.

Властите сепак укажуваат дека должност на возачите е да ги користат возилата во технички исправна состојба, за истите да не претставуваат опасност во сообраќајот.

Британија го одложи техничкиот преглед на возила за 6 месеци

Претходна објаваSuzuki подготвува верзија на Jimny со пет врати
Следна објаваKia XCeеd очекувано со награда за дизајн Red Dot

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here