Поради кризата од вирусот корона, во Британија автоматски се продолжува за 6 месеци важноста на техничкиот преглед и регистрацијата на патничките автомобили, доставните возила и мотоциклите.
Заради натамошно намалување на изложеноста на граѓаните на опасност од заразување со вирусот корона, властите во Велика Британија решија регистрацијата и техничкиот преглед на возилата да се продолжи автоматски за 6 месеци.
Сите британски возачки и возачи на патнички автомобили, доставни возила и мотоцикли, со регистрација што во редовни услови истекува на 30-ти март, не мораат да ги посетуваат станиците за технички преглед и шалтерите во следните шест месеци.
Регистрацијата се одложува, но возачите ќе плаќаат парична казна доколку управуваат со небезбедно возило
Возачите ќе можат непречено да ги користат своите возила за да пристигнат до работното место, да ги извршат основните набавки и слично. Властите сепак напоменуват дека возилата мора да се одржуваат во технички исправна состојба, затоа што возачите сепак ќе бидат запирани и казнети доколку управуваат со небезбедно возило.