за

Најштедливиот тим во шампионатот на Volkswagen вози со 3,48 l/100 km

Победниците на шампионатот во штедливост на Volkswagen ја извозеа патеката долга 592 километри со просечна потрошувачка од 3,48 литри, со новиот Golf TDI BlueMotion.

Германците Фолкер Милер-Тонисен и неговиот совозач Јерн-Лука Милер-Тонисен победија на овогодишниот „Think Blue. World Championship“ Тие ја извозеа рутата од Берлин, преку Волфсбург, до Франкфурт на Мајна со просечна потрошувачка од само 3,48 литри. Сите возила на светскиот шампионат имаа три патници и дополнителен баласт со цел да се постигне иста оптовареност од 294,4 килограми по возило. На шампионатот учествуваа 16 тимови од цел свет, кои претходно се докажаа на натпреварите на национално ниво.

На второто место е тимот од Канарските Острови со 3,63 литри, а на третото Русите со 3,67 литри.

„Think Blue. World Championship“ е посебно рели во кое што целта не е само да се извози со најниска можна потрошувачка на гориво, туку учесниците мора да поседуваат и обемни познавања на технологијата за штедливост на Volkswagen, која што се води под името Think Blue. Учесниците добија најразновидни задачи на тема штедливо возење и алтернативни погонски тенологии, одговарајќи на квиз прашања, подготвувајќи регионални кулинарски специјалитети и градејќи мини централи за производство на енергија од обновливи извори.

На специјалната патека за тестирање на Volkswagen во Ера-Лесиен можеа во практика да се почувствуваат разликите меѓу дизелскиот Golf TDI BlueMotion, eco-up! со погон на метан и хибридниот Touareg Hybrid. Како врв на настанот беше можноста да се тестира Volkswagen XL1, најштедливиот сериски автомобил на светот, како и првиот електричен Volkswagen во големосериско производство, моделот e-up.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електричниот Golf ќе се продава и во САД

Најбавниот Ferrari на светот нема ниту една коњска сила