Електричниот Golf ќе се продава и во САД

Верзијата на Golf со погон на батерии, која доживува премиера во овие денови на салонот во Франкфурт, од 2015 година ќе се најде во продажба и во САД.

Во јануари следната година Volkswagen ќе го понуди овој модел наречен e-Golf прво на европскиот пазар, а потоа ќе следува и негова комерцијализација во САД – но дури од 2015 година. Како што наведува Џонатан Браунинг, шеф на Volkswagen во Америка, причина за задоцнувањето е тоа што во следната година претстои прво комерцијализацијата на Golf со стандарден погон, па дури потоа во салоните ќе може да се најде и електричниот Golf.

 

Претходна објаваSeat вози за фестивалот Браќа Манаки
Следна објаваНајштедливиот тим во шампионатот на Volkswagen вози со 3,48 l/100 km

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here