за

Најбавниот Ferrari на светот нема ниту една коњска сила

Ова е автомобилот што дури и партиите на зелените ќе го засакаат. Fahrradi FFX изгледа исто како Enzo, но за погонот користи чиста сила од мускули. Моќноста? Ниту една коњска сила.

Сте се запрашале некогаш како ќе изгледа врвниот модел на Ferrari во 2050 година? Веројатно ќе биде нешто слично на ова: Лут изглед, диодни светла, секако лакиран во ферари-росо, а за погонот ќе се користат само две педали. Fahrradi Farfalia FFX е исмевање на целата автомобилска бранша, а особено на култот на коњските сили.

Австриецот Ханес Лангедер го конструираше ова возило и за него доби дури и регистерски таблички. При секое излегување на улица, возилото не минува незабележано. Возачот и совозачот седат на тесни седишта и притискаат со сета сила на педалите. Оддалеку измамата не се насетува. Минувачите го забележуваат црвениот Ferrari Enzo и се чудат зошто возилото не ги испушта карактеристичните звуци на болидите од Маранело.

Ханес Ландегер смета дека ова е иднината на автомобилизмот, во услови кога постојано се заоструваат граничните вредности за СО2. Човекот можеби е во право. Во секој случај, велосипедот Ferrari е побрз од одење пеш – ако тимот работи напорно со педалите. Најголемата предност на ова Ferrari не е брзината, туку фактот што никогаш не мора да се посетува бензинска станица. Но, ресторани, да.

Ferrari, кој обично се потресува околу секој обид за копирање или злоупотребување на имиџот на неговата марка и модели, останува тотално незаинтересиран за Fahrradi Farfalia и не реагира со тужба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најштедливиот тим во шампионатот на Volkswagen вози со 3,48 l/100 km

Nissan X-Trail: Коцката е фрлена