Построението во коешто водородот ќе се добива по пат на електролиза, т.н. електролизер, со моќност од 200 мегавати, се гради во гигантскиот градежен проект Тведе Масвлакте, во ротердамското пристaниште. Во фабриката, дневно ќе се произведуваат до 60.000 килограми водород, без негативно влијание врз животната средина.
Клучниот момент во целиот потфат е напојувањето на електролизерот со електрична енергија од ветерната фарма Холанде Куст, којашто во дел е во сопственост на Shell. Водородот произведен со обновлива енергија ќе се користи во Shell Energy и во Chemicals Park Rotterdam. „Горивото“ ќе се пренесува преку цевководот HyTransPort. Во тамошните рафинерии, и досега се користи водород, меѓутоа разликата е во тоа што тој во иднина ќе биде целосно неутрален во поглед на штетната емисија. Затоа, за водородот што се користи моментно, се вели дека е „сив“.
Целта е да се намали карбонскиот отпечаток на производството на фосилни горива, односно на бензин и дизел, како и керозин. Како што на пазарот во иднина ќе се зголемува уделот на камиони со погон на водород и во исто време ќе расте мрежата од станици за полнење, водородот на Shell ќе може да се користи и во таа намена, односно за декарбонизација на патниот транспорт.
Ана Масколо, заменичка на извршниот директор, во одделението за Emerging Energy Solutions во Shell, цени дека тоа е „уште еден пример за сопствените напори на Shell и обврската за биснисот да биде целосно неутрален во поглед на емисијата до 2050 година.“ Според менаџерката на Shell, „водородот од обновливо потекло ќе одигра пионерска улога во енергетскиот систем на иеднината и проектот претставува важен чекор, што ќе помогне водородот да го искористи тој потенцијал“.
https://twitter.com/Shell/status/1544563727407759360?s=20&t=TtZlBNNjUDKI_t8YbeKHFw
Холандија е лидер во производството на водород во светски рамки. Shell поседува и управува со 10% од вкупниот капацитет на електролизери за водород во светски рамки. Компанијата распоалга со електролизер од 20 MW во Кина и електролизер со мембрана за размена на протони (PEM) во Германија. Таму се произведуваат 3.000, односно 1.300 тони водород годишно.
















