Во свежо објавената статистика на Toyota, лани во светот се продадени 10,5 милиони патнички и товарни возила од марките на јапонската корпорација, вклучувајќи ги премиум марката Lexus, мини-специјалистот Daihatsu и камионите Hino. Подеднакво одушевуваат и бројките за продажбата на одделнтие видови погон.
Од вкупно 10.495.547 продадени возила (+10,1%) од сите марки во рамките на корпорацијата Toyota Motor, каде што автомобилската марка Toyota доминира со 9.615.157 возила (+10,6%, заедно со Lexus), , со хибриден погон биле испорачани вкупно 2.482.236 возила. Според тоа, еден од секои четири продадени автомобили Toyota и Lexus лани, користат хибриден погон.
Во услови кога светскиот пазар е во пад, Toyota со своите хибриди лани успеала да постигне фантастичен раст од 27 проценти во светски рамки. Уште повеќе одушевува растот на извозните пазари, со дури 36 проценти. Само пред десет години, Toyota продавала околу 628.000 хибриди на светскиот пазар, од коишто половината биле за јапонскиот пазар, а останатата половина за извоз. Денес, надвор од Јапонија се продаваат шестпати повеќе хибридни автомобили на Toyota и Lexus, отколку во 2011 година.
Во меѓувреме, Toyota постигнува голем раст и во продажбата на приклучни хибриди, значи во вториот вид хибриден погон што го нуди јапонската марка, покрај самополначките хибриди. Од вкупно 111.882 хибриди со приклучок за полнење на батеријата, на извозните пазари отпааѓат 102.346 возила. Огромен е растот во овој вид погони. Во 2020 година, продажбата на возилата на Toyotа со овој погон ширум светот изнесувала само 48.513 примероци. Пазарот во 2021 година пораснал за 130,6 проценти.
Lexus неодамна стартуваше со продажба на првиот модел со приклучен хибриден погон, новиот Lexus NX 450h+ е во редовна продажба во Тојота Авто Центар; Секако дека во гамата на моделот влегува и изведба со самополнечки хибриден погон, во NX 350h
Водородниот погон е уште еден во низата техно-специјалитети на Toyota. Сцената има слушано многу за јапонските лимузини што користат водород како погонско гориво. Преку хемиска реакција на водородот во горивните ќелии се создава електричен напон, што погонскиот електромотор го користи за движење на возилото. Малкумина би го погодиле барем приближно бројот на примероци од Toyota Mirai што се произвел во текот на минатата година. Дури и познавачите би погрешиле. А, точната бројка изнесува 5.918 возила. Точно толку возила се произведени од Toyota Mirai, водородниот автомобил, од втората генерација на моделот. Во 2014 година, производството уште било на ниво на италијанска мануфактура, со 7 примероци. Во 2020 година беа близу 1.800 примероци. Лани, светот регистрирал дури два и пол пати повеќе примероци од Toyota Mirai, од автомобилот со најнапредниот вид на погон што во моментов е доспеан во сериско производство. Да нема сомнежи, дека целата продукција завршила на домашниот пазар. Ширум светот биле продадени 3.471 примерок од Mirai, од „чудесниот“ автомобил.
Нешто недостига? Електрични автомобили, на пример. Toyota и тоа го има во своето портфолио. Продажбата за минатата година вели: 14.407 возила со батериски електричен погон, за 3,3 пати повеќе отколку во 2020 година.
За сите овие бројки да бидат уште поимпресивни, Toyota во последните десет години продала:
- 16.783.400 милиони автомобили со хибриден погон
- 414.715 автомобили со приклучен хибриден погон
- 18.444 автомобили со водороден погон
- 22.125 автомобили со батериски електричен погон
Од сите овие возила со електрифициран погон, само во Европа се продадени 3.640.765 автомобили – не вклучувајќи ги моделите со класичен погон.
На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат