Volvo отвора центар за висока технологија во срцето на Стокхолм, во којшто ќе работат над 700 професионалци во областите на софтверски инженеринг, истражување и аналитика на податоци, управување со производи, онлајн бизнис и корисничко искуство.
Центарот за технологија е проширување на деловниот објект на Volvo Cars во центарот на Стокхолм. Работата тука ќе биде посветена на натамошно усовршување во онлајн-продажбата и во развојот на софтверски производи, како подрачја што се клучни во тековната трансформација на компанијата. Во среден рок, Volvo очекува најмалку половина од продажбата на возила да ја врши онлајн. Во истиот рок, планот е најмалку половина од софтверот да биде од сопствен развој.
Volvo Cars отвора работни места за нови членови во тимот од сите краишта на светот. Тоа нема да биде ништо ново во Стокхолм, што веќе со години наназад е дом и место на раѓање на глобално успешни компании од подрачјето на технологијата, коишто денес вредат милијарди долари.
Хана Фагер, директорка за корпоративни функции во Volvo Cars, им порачува на техно-експертите: „Луѓето со соодветна компетентност и вредности се важни за нашите амбиции и од тие причини го основаме новиот центар за технологија. Стокхолм е жариште за техно-таленти и сакаме да создадеме иновативно, креативно и колаборативно работно место, да привлекува луѓе од целиот свет. Процесот веќе е започнат и во моментов бараме нови членови на тимот што ќе ја движат нашата компанија нанапред.“
Bekräftat: Volvo hyr stort av AMF mitt i city. FV berättar om detaljerna. https://t.co/YvdgqkGwcE
— Fastighetsvärlden (@Fastighetsv) March 11, 2022
Насочувањето на Volvo кон онлајн продажбата е составен дел од целта, марката да стане лидер во брзорастечкиот пазар на електрични автомобили од премиум сегментот, со милиони директни врски со потрошувачите. Швеѓаните сакаат да понудат едноставен и прегледен начин за нарачка на автомобил од Volvo, со транспарентност во цените, со јасни информации за производот и точен увид во рокот на испорака.
Пет радари, осум камери, лидар и 16 ултрасонични сензори во новиот Volvo XC90
















