Пет радари, осум камери, лидар и 16 ултрасонични сензори во новиот Volvo XC90

Швеѓаните го најавуваат автопилотот Ride Pilot како клучна иновација во новиот Volvo XC90, што ќе стартува кон крајот на годинава и ќе се нуди исклучиво во електрична изведба.

Клиентите во Калифорнија ќе бидат први што својот нов Volvo XC90 ќе можат да го пуштат да вози самостојно, без потреба од возач. Технологијата за автономно возење на Volvo се води под името Ride Pilot и во почетокот ќе биде достапна само во „Златната држава“.

Шведскиот специјалист за безбедни автомобили наведува само општо, дека тоа ќе биде водечка технологија во браншата и ќе се понуди во новата генерација модели на Volvo со погон само на струја. Ride Pilot ќе им овозможи на патниците побезбедно и покомотно возење. Возачите ќе добијат екстра-слободно време што ќе можат да го искористат додека нивниот автомобил ги вози.

По завршувањето на тестирањата, кога Volvo ќе се увери во беспрекорната безбедност на системот, Ride Pilot ќе биде понуден како услуга со претплата во новата генерација на XC90 – што ќе се нуди исклучиво во електрична изведба и ќе биде претставен кон крајот на годинава.

Софтверот за автономното возење е развиен во соработка со специјалистите Zenseact и Luminar. Сензорската средина се состои од повеќе од две дузини сензори, во коишто е главен сензорот Iris LiDAR на Luminar.

Хардверот и софтверот ќе бидат фабрички вградени во секој Volvo XC90, а за нивно користење ќе се плаќа претплата

Моментно се вршат обемни завршни тестирања на во Шведска, заедно со Zenseact, а воедно се собираат и податоци ширум Европа и САД. Во лето ќе започнат тестирањата по патиштата во Калифорнија. Причината зошто Volvo и партнерите избраа богатата држава на западниот брег на САД да почне прва со примена на автопилотот е поволната клима, одличната сообраќајна мрежа, и најважното, законската рамка што дозволува автопилотирано возење. Секако дека Ride Pilot понатаму ќе станува достапен глобално.

Одговорноста во случај да настане незгода ја сноси производителот. Сензорскиот систем се состои од пет радари, осум камери и шеснаесет ултразвучни сензори, вклучувајќи го лидарот, кој е клучна технологија за остварување на автономното возење.

>>> Целиот пазар удолу, Volvo угоре 8,8 проценти до ноември

Претходна објаваVolkswagen е CO2-чист пред Комисијата на ЕУ
Следна објаваTesla постигна рекордна заработка од 5,5 милијарди долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here