Шведскиот производител обично прв ги воведуваше промените во браншата во изминатите години, и тоа покажува резултати. Volvo во периодот од јануари до ноември продал 634.257 автомобили и сите регистри укажуваат дека декември ќе ја заокружи годината со голема позитива.
Во услови на криза во снабдувањето со полупроводници за целата автомобилска бранша и генерално предизвикувачки услови за производителите на автомобили, Volvo постигнува впечатлив раст во продажбата од 8,8 проценти до ноември.
Во претпоследниот месец од годината се продадени 52.793 возила, што сепак е за 20,7 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Секако дека тоа е последица од продолжувањето на кризата во снабдувањето со полупроводници, што го погоди производството на возила, а со тоа и самата испорака на возила за клиентите. Побарувачката за автомобилите на Volvo остана на високо ниво, што се огледува и во долгите списоци со нарачки што чекаат за извршување во претстојните месеци.
Добрите резултати на годишно ниво се доказ и за високата побарувачка за моделите Volvo Recharge, односно за моделите со приклучен хибриден или целосно електричен погон. Во ноември стартуваше испораката на комплетно новиот C40 Recharge со чисто електричен погон.
Повеќе од една половина од испорачаните возила на Volvo во ноември во Европа имаат електричен или приклучен хибриден погон. Во светски рамки, нивниот удел е една третина
Едно од секои четири испорачани возила на Volvo годинава на светскиот пазар се модели Recharge. Во Европа, двете електрични погонски варијанти учествуваат со 40 проценти. Добро се развива трендот и во САД, каде што една петина автомобили на Volvo се Recharge. Во глобални рамки, продажбата на оваа потсерија модели на Volvo пораснала за 70 проценти од почетокот на годинава, во споредба со лани.
Најпродаван модел на светскиот пазар е Volvo XC60, со вкупно 195.108 возила (2020: 169.445) во првите единаесет месеци. Следи XC40 со вкупно 184.842 примероци (2020: 161.329), трет е луксузниот XC90 со 97.365 примероци (2020: 80.275).
| 11/ 2021 |
До 11/ 2021 | Промена | |
| Европа | 22,415 | 264,910 | 4.0% |
| Recharge | 11,669 | 114,044 | 51.0% |
| – приклучни хибриди | 9,891 | 100,727 | 35.6% |
| – електрични | 1,778 | 13,317 | 960.3% |
| Кина | 13,418 | 157,034 | 6.1% |
| Recharge | 1,693 | 10,087 | 99.4% |
| – приклучни хибриди | 1,532 | 9,376 | 85.4% |
| – електрични | 161 | 711 | – |
| САД | 7,667 | 111,733 | 16.5% |
| Recharge | 1,712 | 19,843 | 268.4% |
| – приклучни хибриди | 1,300 | 14,206 | 166.5% |
| – електрични | 412 | 5,637 | 10,149% |
| Останати | 9,293 | 100,580 | 19.1% |
| Recharge | 2,229 | 21,397 | 116.0% |
| – приклучни хибриди | 1,887 | 20,104 | 103.0% |
| – електрични | 342 | 1,293 | – |
| Вкупно | 52,793 | 634,257 | 8.8% |
| Recharge | 17,303 | 165,371 | 72.5% |
| – приклучни хибриди | 14,610 | 144,413 | 52.7% |
| – електрични | 2,693 | 20,958 | 1,499% |
>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

















