за

Corolla Cross е уште еден нов модел во понудата на Toyota

Сите производители го скусуваат бројот на модели што ги имаат во понудата, Toyota им го зголемува бројот. Corolla Cross е совршена меѓу Yaris Cross и RAV4.

TOYOTA COROLLA CROSS

Светскиот бестселер во СУВ-изведба. Така Toyota ја почнува најавата за Corolla Cross и тоа е совршено верно и јасно. Тоа е прв модел со 5-та генерација на хибриден погон на Toyota, ќе биде достапна и со втор електромотор назад, односно со погон на сите тркала.

Автомобилските марки не ги гради еден модел. Моќна марка е таа на којашто сите модели ѝ се моќни на пазарот. Yaris, Corolla, RAV4, Land Cruiser, C-HR, па по ново и Camry и Highlander, сите тие се моќни модели, што ги заземаат највисоките места во продажбата во своите сегменти. Има ли воопшто место за уште еден нов модел? Акио Тојода, што се докажа како еден од најуспешните менаџери во историјата на браншата, вели да.

Toyota Corolla Cross дури и со изгледот балансира најпрецизно што може меѓу новиот хит на марката Yaris Cross и „стариот“ хит на марката RAV4. На тоа, Toyota додава и нова генерација хибриден погон, во меѓувреме петта, а чисто да не заборавиме, додава и дека Corolla Cross е модел што се базира врз најпродаваниот автомобил во историјата на планетата.

Со вклучувањето на Corolla Cross, Toyota ја има најбогатата понуда од СУВ-модели на европскиот пазар

Изгледот е дотеран според вкусот на европските возачки и возачи, со нова комбинација од предни и задни светла, со предна маска со два трапези, нагласено „тридимензионални“ браници и со одмерено димензинирана кабина.

New item by Automedia MK / Google Photos

Corolla Cross е долга 4.460 mm, широка е 1.825 mm и висока 1.620 mm, со меѓуоскино растојание долго 2,64 метри. Јапонците посоочуваат дека нејзиното место во понудата е меѓу стилскиот болид Toyota C-HR и вечната RAV4. Моделот е развиен да понуди комфор, практичност и приспособливост, што им се неопходни на активните семејства со мали деца. Тоа значи голема прегледност, многу простор, широки врати, а секако значи и голем и лесно достапен багажник.

Петтата генерација на хибридниот погон на Toyota нуди поголем вртежен момент, повисока моќност, намалена потрошувачка и повеќе уживање во возењето

Преносот на сила е преработен, со нов систем за подмачкување што користи масло со ниска вискозност. Тоа придонесе за подобрување на ефикасноста и на моќноста, благодарение на смалените електрични и механички загуби. Уште една голема новина е преоѓањето на литиум-јон батерија, што е помоќна и за 40% полесна. Системската моќност порасна за 8%, со зафати и во моторот и во електромоторот. 

New item by Automedia MK / Google Photos

Хибридната верзија со дволитарски бензинец сега располага со 197 КС и забрзува до сто за 8,1 секунди. Во верзијата со погон на сите тркала AWD-i, на задната оска работи електромотор со моќност од 30,6 kW.

Ослободувањето на моќноста е уште порамномерно, погонската спрега се однесува попредвидливо и подобро се контролира забрзувањето. За последново се мисли на максимално прецизно усогласување на бројот на вртежи на моторот со брзината на возење, односно се избегнува познатото „завивање“ при нагло забрзување. Тоа е постигнато со подиректна реакција при притискањето врз педалот за гас.

Дисплеите пораснаа драстично: Дигитална инструментална табла од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 10,5 инчи

Со 12,3 инчи, Toyota Corolla Cross располага со најголем возачки дисплеј во компакт класата. Средишниот дисплеј од 10,5 инчи поседува нов и помоќен процесор, прикажува со висока резолуција и системот овозможува поврзување преку Apple CarPlay (без кабел) и Android Auto (со кабел).

New item by Automedia MK / Google Photos

Голема новина пристига и во безбедноста, како систем T-Mate. Тоа и не би требало да се толкува како „новина“, затоа што возилата на јапонската марка и досега се одликуваат со високо ниво на безбедност. Разликата kaj T-Mate е во тоа што стандардниот пакет од системи од асистенција е збогатен и усовршен во споредба со Toyota Safety Sense.

Примусот во браншата цели кон зајакнување на своето присуство во средната класа на европскиот пазар и постигнување продажба од 400.000 возила годишно. Тоа би одговарало на пазарен удел од 9 проценти во најжестокиот европски сегмент, до 2025 година. Испораките ќе стартуваат во следната есен. Во Тојота Авто Центар секако дека го очекуваат моделот во својата понуда во текот на 2022 година.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Го имате посетено нашиот онлајн-каталог на сите нови автомобили во Македонија?

На следниот линк пристапувате до прегледот на сите модели на Toyota, од најдостапниот до најскапиот https://avtosalon.mk/inventory/?marka=toyota

Inventory

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Целиот пазар удолу, Volvo угоре 8,8 проценти до ноември

BMW XM е параден коњ за моделот за 50 години M GmbH