Кинескиот пазар се враќа во форма, расте продажбата на електрични автомобили

Кинескиот автомобилски пазар продолжува да закрепнува. Производителите во февруари испорачале 1,74 милион возила до дилерите, што е за 19 проценти повеќе отколку во истиот месец лани.

Само кај патничките автомобили, во февруари е постигнат раст во продажбата од 28 проценти, со вкупно 1,49 милион примероци, во споредба со февруари 2021 година. Најмногу пораснала продажбата на возилата со алтернативен погон, посебно на електричните автомобили. Нивната продажба пораснала за близу трипати. Во јануари и февруари обично има големи осцилации во бројките од продажбата во Кина, зависно од датумот кога се одбележува Новата Година. Тоа влијае врз деловните резултати, коишто некогаш може да бидат значително опаднати во времетраење од десетина денови.

Растечкиот тренд годинава ги опфати и јануари и февруари, така што во првите два месеци од годината се постигна раст во продажбата од 7,5 проценти, со вкупно 4,3 милиони продадени возила. Пазарот претходно бележеше постојан пад во период од неколку месеци. Чисто пазарот на патнички автомобили се зголемил во првите два месеци за 14%, со 3,7 милиони продадени возила.

Официјалната статистика од здружението на производители на автомобили во Кина ги следи само испораките од фабриките до големите дистрибутери. Различно од тоа, кинеското здружение за патнички автомобили ги брои фабричките продажби на автомобили на крајните сопственици. Нивната статистика исто така пријавува раст, меѓутоа вредностите се разликуваат. Бројките: Раст од 4,7 проценти и вкупно 1,3 милион продадени патнички автомобили. Разликата меѓу двете статистики укажува на тоа дека производителите на автомобили ја зголемуваат залихата од возила во своите дилерски мрежи.

Кина е најголем пазар во светот за највлијателните автомобилски концерни, вклучувајќи ги Volkswagen, Mercedes-Benz и BMW. Продажбата во последните неколку години се одвиваше со шампионско темпо, меѓутоа пазарот лани претрпе силно влијание од недостигот на чипови.

Електричната Dacia Spring вози во Кина како Fengon E1 и чини 9.500 евра

Претходна објаваVolvo отвора 700 работни места за софтверски инженери во Стокхолм
Следна објаваСончогледово масло место дизел?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here