BMW лани во Кина продал 174.000 примероци од Серијата 5

BMW лани во Кина продал 174.000 примероци од Серијата 5

На Ауто Кина 2020 (од 26-ти септември до 5-ти октомври) во Пекинг ќе доживее премиера освежената генерација на Серијата 5 на BMW во посебната верзија за локалниот пазар. Со 174.000 продадени примероци лани, бизнис-лимузината на BMW била најпродаван модел во класата во Кина.

Како што е вообичаено за повеќето моделски изведби што се наменети посебно за кинескиот пазар, така и Серијата 5 на BMW за Кина има продолжено меѓуоскино растојание. Меѓу посебностите спаѓаат и неколку скапи опции, како панорамски стаклен покрив Skylounge или врвна мултимедиска опрема за задната клупа, вклучувајќи два големи монитори на допир, што се местат по агол.

Верзијата на Серијата 5 за Кина има и неколку детали во изгледот што оддаваат луксуз, а истото важи и за кабината. Во поглед на моторите и менувачите, напредните системи за асистенција, ракувањето и вмрежувањето, кинеската верзија не отстапува од лимузините што се продаваат во Европа или во САД, вклучувајќи ги сите измени при моделското освежување.

Во првата половина од годината, BMW и Mini продале во Кина вкупно 329.069 возила

Имајќи предвид дека станува збор за гигантски пазар, Серијата 5 за Кина има бројни ексклузивности. Тоа се однесува најмногу на моделската изведба BMW 535Le со приклучен хибриден погон со системски 292 КС, што се нуди само во Кина. Дополнително, тамошните возачи ќе можат да ја нарачаат оваа верзија со M-спортски пакет.

https://photos.app.goo.gl/uTG5hLuwEMb9yLCV7

Лимузините располагаат со BMW Оперативен Систем 7, со мноштво апликации и можности за поврзување, како и со BMW Intelligent Personal Assistant – кој располага со нова графика, лесно говорно командување и општо со изобилство од технички иновации.

Меѓуоскиното растојание е продолжено за 13 сантиметри, така што изнесува 3.105 милиметри. Овој дополнителен простор оди во корист првенствено на патниците на задната клупа. Ексклузивно за кинескиот пазар, во Серијата 5 се вградува и комфорна задна клупа со особено ергономско полнење и со широки потпирачи за глава.

>>> BMW 128ti по пример на легендарниот „нул-цво“

Претходна објаваVolkswagen и Ford ќе ги спојат возните паркови заради СО2-лимитот
Следна објаваНовиот 1.0 TSI на Skoda добива плазма-слој место „хилзни“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here