Volkswagen и Ford ќе ги спојат возните паркови заради СО2-лимитот

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen

Автомобилските концерни Volkswagen и Ford ќе спојат делови од своите возни паркови. Со регистрирање на таканаречен CO2-Poоl во Европската Комисија, во којшто ќе бидат опфатени лесните доставни возила, Volkswagen ќе постигне пониска емисија на СО2 и со тоа ќе избегне каква било казна на ЕУ за надминување на лимитот.

Според информациите што лице од одделението за односи со јавност на германскиот концерн ги даде за новинската агенција Блумберг, Volkswagen и Ford пред ЕУ-властите ќе водат дел од својот возен парк како да е заеднички.

Емисијата на СО2 на возниот парк на Ford е под лимитот на ЕУ. Тоа ќе го искористи Volkswagen. Засега нема информации, дали и колку Волфсбург ќе треба да му плати на партнерот од Дирборн за услугата. Можно е Volkswagen и преку друг вид соработка да му се оддолжи на Ford.

Причината зошто концернот Volkswagen е ставен пред голем предизвик во поглед на емисијата на СО2 се моќните и престижни автомобили, кои Волфсбург ги има во изобилство, почнувајќи од Audi Q7/Q8 до Bentley Bentayga.

Станува збор за таканаречен CO2-Pooling, што е дозволен со посебна регулатива. Лани Fiat склучи сличен договор со Tesla, чијшто електрични автомобили имаат нулта емисија на СО2 и тоа е совршено за концерните со големи или моќни автомобили да надоместат за високата емисија на штетниот стакленички гас.

>>> Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Претходна објаваToyota првпат во јавност со новиот суперспортски модел
Следна објаваBMW лани во Кина продал 174.000 примероци од Серијата 5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here