за

Toyota првпат во јавност со новиот суперспортски модел

Во Toyota деновиве не се врти сé околу рекламното видео со Миа Костова за новиот Yaris, туку има и други убави вести. Во рамките на маратонскиот класик во Леман, суперспортскиот модел на Toyota првпат возеше по патеката во Ле Сарт.

Toyota GR Super Sports

Toyota подготвува спортски автомобил од највисока категорија и сосем е извесно дека парадниот модел наскоро ќе се појави официјално пред светот. Автомобилот, поточно, не е суперспортски, туку е хиперспортски, што значи дека е уште едно скалило погоре.

Во подготовките за стартот на овогодишниот 24 часа Леман, новиот GR Super Sport првпат извозе круг во Леман. Станува збор за прототип во кабриолет изведба, маскиран за да го усложни насетувањето на вистинските форми на каросеријата. Возилото заврте круг по легендарната патека во Ле Сарт и го донесе престижниот пехар, што две години се наоѓа кај Toyota Gazoo Racing.

Тоа што GR Super Sport се појавува на една од најважните тркачки патеки во светот има убава симболика. Со тој чин се укажува дека хиперспортскиот автомобил носи техника и искуства што Toyota ги стекна во мотоспортот, во врвните тркачки категории. Како што повеќе пати имаат кажано менаџерите на јапонскиот производител, една од задачите на Toyota Gazoo Racing е да придонесе Toyota да конструира и произведува уште подобри автомобили, со симбиоза меѓу тркачките и сериските возила.

Веднаш по предавањето на победничкиот пехар, актуелните ЛМП1-прототипи Toyota TS050 Hybrid ја започнаа својата последна трка на Леман. Хибридните болиди со моќност над 1.000 КС веќе двапати победија на маратонот. Трката уште е во тек, Toyota води по 321 круг, со стинтот на Брендон Хартли, потоа следат два болиди на Rebellion, па четврти е Кобајаши со 7 кругови заостаток. Предизвикот е Леман да се освои третпат по ред, односно да се постигне хет-трик.

Toyota GR Super Sports е автомобил со гени од мотоспортот и перформанси од мотоспортот

Toyota има напишано важни историски поглавја на маратонот, по првата победа на марката во 2016 година. Рекордот на патеката исто така припаѓа на Toyota и го има потигнато токму Кобајаши, моментно четврти. Тоа беше инспиорација да се развие GR Super Sport, како хиперавтомобил со гени од мотоспортот и перформанси од врвна класа.

Голема е честа за развојната верзија на GR Super Sport да се вози првпат пред јавноста, особено на тркачка патека како Леман, којшто е тесно поврзана со овој автомобил. GR Super Sport е роден во Леман и ова практично претставува враќање дома“, изјави Алекс Вурц, ангажиран за демо-возењето, претходно активен и во WEC-шампионатот.

На демо-возењето уште не можеше да се извлечат крајните можности, но веќе се насетува неверојатниот потенцијал. Има големи сличности меѓу GR Super Sport и TS050 Hybrid во поглед на моќноста, а особено во погонот на сите тркала и во хибридниот систем. Инженерите порачуваат дека тоа е само мало навестување на вистинската моќност на GR Super Sport“, додава Вирц. Тој најави и повторно возење на хиперспортската Toyota во скоро време, веројатно тоа веќе ќе биде сериската изведба на моделот.

Резултатите може да се следат во живо на:

https://www.24h-lemans.com/en

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

баерн минхен audi e-tron

Баерн Минхен прв фудбалски тим со возен парк на струја

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen

Volkswagen и Ford ќе ги спојат возните паркови заради СО2-лимитот