за

Баерн Минхен прв фудбалски тим со возен парк на струја

Баерн Минхен е прв интернационален фудбалски клуб што вози на струја. Ѕвездите на победникот во Лигата на шампиони денес во Минхен ги презедоа своите Audi e-tron. Полнењето нема да биде проблем. На теренот за тренинг на Баерн веќе има поставено полначи.

баерн минхен audi e-tron

Баерн Минхен и Audi уште во јануари го продолжија договорот за соработка до 2029 година. Меѓу точките на договорот се најдоа и стратешка соработка во иновативен маркетинг и во електрификацијата. Денес беше направен важен чекор, со вкупно 19 примероци од Audi e-tron што им беа предадени на користење на играчите на Баерн.

Тоа значи дека повеќе од половината од возилата Audi во возниот парк на баварскиот тим се електрични. Се погоди и симболиката. Возниот парк на фудбалските ѕвезди испушта помалку од 95 грами СО2 на километар, односно е под стогиот лимит што ЕУ го пропишува за производителите.

Поради пандемијата, предавањето на возилата не можеше да се одвива како вообичаено на Ауди Пјаца во Инголштат. Во минатите години, овој настан најмногу го привлекуваше интересот на децата на „аудијанките“ и „аудијанците“, кои обичлно се најголеми фанови.

Првиот тренер Ханси Флик, заедно со ѕвездите околу Мануел Ноер и кралот на голманите Роберт левандовски, ги презедоа своите возила на теренот за тренинг на аеродромот во Минхен. „Во моето време во Баерн сум сведок на големиот технички развој на нашиот партнер Audi“, кажува Мануел Ноер. „Мојот прв Audi пред десет години беше Q7 TDI, сега возам на струја тоа е иднината.“

Audi го придружува најуспешниот германски фудбалски клуб од 2002 година, а од 2011 година Audi поседува и удел во ФЦ Баерн Минхен АГ.

>>> Audi e-tron добива помал брат: Q4 ќе биде и Sportback

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia ceed 4 modeli xceed proceed sportswagon

Четири изведби на Kia Ceed, која е најдобриот избор?

Toyota GR Super Sports

Toyota првпат во јавност со новиот суперспортски модел