Батериите за електрични автомобили за две години поевтинеле за третина

bmw i3 prodazba prv kvartal

Производствените трошоци за батерии за електрични автомобили се смалија драстично. Но, тоа не значи дека соодветно поевтинеа и самите автомобили. Истражувањето на Хавер & Партнерс дојде до неколку интересни заклучоци.

Трошоците за производство на батерии за електрични автомобили во последните две години се смалиле за 34 проценти. Но, просечната цена на овие возила и натаму е околу 40% повисока во споредба со моделите со обичен погон. До тие заклучоци дојде студијата што ја спроведе консултантската компанија Хавер & Партнерс.

Во 2010 година, еден киловатчас батериски капацитет чинел преку 600 евра, додека во 2018 година, цената се смалила на само 150 евра. Во следниот период се очекува натамошно намалување на цената по киловатчас капацитет на батеријата. Веќе во следната година е можно оваа цена да падне под 90 евра. По 2025 година, еден киловатчас батерија се предвидува да чини меѓу 50 и 70 евра во производство.

Две третини од Британците очекуваат „електричните автомобили“ да се именуваат само како „автомобили“ до 2030 година

Електричните автомобили во 2010 година чинеле двојно од споредливите модели со обичен мотор со внатрешно согорување. До 2016 година, просечната цена од сите понудени модели на електрични автомобили на пазарот била повисока за околу 40 проценти. Потоа следи нов тренд и купувачите на автомобил на батерија во 2018 година требало да платат дури 44% повеќе отколку за споредлив модел со бензински или дизел мотор. Во пресметката влегуваат и субвенциите за електрични автомобили.

Експертите предвидуваат дека просечниот досег на електричните автомобили ќе надмине 400 километри до крајот на 2020 година

Интересот на купувачите за електричните автомобили се поттикнува и од продолжувањето на досегот. Истражувањето покажа дека просечното растојание што може да се мине со едно полнење, според пресметклите за 2018 година, се зголемило за 11 проценти во споредба со една година претходно и истото изнесува 330 километри.

Од септември 2018, досегот се одредува според WLTP-нормата. Поради тоа, измерената потрошувачка на електрична енергија е за 15 до 20 проценти повисока отколку со старата норма NEDC. Тоа доведе до смалување на просечниот досег на моделите што биле достапни на пазарот во 2018 година на околу 260 километри.

Девет европски држави во сојуз за производство на батерии

Побарувачката за батерии ќе се зголеми за 14 пати до 2030 година

Претходна објаваКалендар со Мис Тјунинг ќе направи секој ден да биде празник
Следна објаваКој може да одолее на спортски обувки од AMG

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here