за

Побарувачката за батерии ќе се зголеми за 14 пати до 2030 година

Побарувачката за батерии ќе се зголеми 14 пати до 2030 година
Побарувачката за батерии ќе се зголеми 14 пати до 2030 година

Глобалната алијанса за батерии, којашто е иницијатива на Светскиот економски форум, заедно со консултантската компанија McKinsey, предвидуваат силен раст во побарувачката за батерии до 2030 година. Тоа соодветно ќе влијае врз новите вработувања и врз економскиот раст.

Побарувачката за батерии ќе расте за околу 25 проценти годишно до крајот на следната декада. Тоа го предвидуваат експертите на кунсултантската компанија McKinsey и Глобалната алијанса за батерии на Светскиот економски форум.

Според истражувањата, побарувачката за батерии до 2030 година ќе порасне најмалку 14 пати. Во оптимистичкото сценарио на аналитичарите и познавачите се наведува дури 19-кратно зголемување. Понатаму се зема предвид дека ќе се користат усовршени батерии, ќе се рециклира поголем удел од суровините, батериите ќе се користат двапати и одреден број електрични автомобили ќе ја предаваат енергијата во своите батерии во дистрибутивната мрежа.

Главниот носител на растежот доаѓа од електричната мобилност. Аналитичарите предвидуваат продажбата да бележи раст од 30% годишно. Побарувачката за батерии во светски рамки ќе надмине 3.500 GWh. За споредба, во 2018 година, светската побарувачка изнесуваше само 184 GWh.

Според предвидувањата, синџирот за одржливо производство на батерии ќе вработува околу 10 милиони лица и ќе создава дополнителна вредност во висина од 150 милијарди долари

На сообраќајот отпаѓаат девет десетини од побарувачката на батерии (3.400 GWh). По региони, најголем потрошувач е Кина (1.400 GWh), пред Европа (570 GWh) и САД (540 Gwh). Батериите воедно ќе придонесат со 30% во неопходното намалување на штетната емисија во секторите сообраќај и енергија во светски рамки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi small SUV PHEV

Концепт на Mitsubishi најавува нов модел со хибриден погон

Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија

Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија