Девет европски држави во сојуз за производство на батерии

производство на батерии електрични автомобили
производство на батерии електрични автомобили

Европските производители на автомобили во иднина нема да бидат толку зависни од увозот на батерии за електрични автомобили од Азија. Девет држави се договорија околу работната програма што ќе доведе до формирање на вториот европски сојуз за производство на батерии.

Властите во повеќе европски држави, главно големи производители на автомобили, напредуваат во напорите за изградба на фабрики за производство на батерии за електрични возила во Европа. Девет европски држави се спогодија околу работната програма, којашто ќе води кон создавање втор европски сојуз за производство на батерии. Засега не е познато кои компании учествуваат во конзорциумот.

За помалку од една година се отпочнати два големи проекти за изработка на батерии во Европа. Тие ќе се реализираат како „Важни проекти од заеднички европски интерес“. Во двата проекти учествуваат главно германски компании. Германија, конкретно, ќе ја подржи изградбата на фабрики за батерии со една милијарда евра. Тоа е масивна инвестиција во стопанството и во зачувувањето на работните места во Европа.

Првиот сојуз е германско-француски конзорциум, во којшто учествува и Opel. Партнери се концернот PSA и францускиот производител на батерии Saft.

Расте продажбата на електрични автомобили, соодветно расте и побарувачката за батерии

Производителите на автомобили моментно ги набавуваат батериските ќелии во Азија и тука ги составуваат во големи батерии за своите модели со електричен погон. Досега се ценеше дека е прескапо батериите да се произведуваат во Европа. Меѓутоа, голем ризик е да се препушти целата европска продукција на електрични автомобили да се препушти на увоз од Азија. Покрај тоа, батериите во иднина ќе имаат голем удел во производствената цена на еден автомобил.

Претходна објаваSuzuki со одлични оцени од возачите според анкета на What Car
Следна објаваHyundai i10 сака да се вмеша во надлежноста на Fiat Panda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here