Електричниот Мерцедес ГЛЦ распродаден, се чека со месеци за испорака

Побарувачката за електричниот Мерцедес-Бенц ГЛЦ расте над очекувањата, во време кога скапите горива ги поттикуваат возачките и возачите да се изберат електричен погон.

Предните светла на новиот Мерцедес-Бенц ГЛЦ имаат светлечка шема со три ѕвезди, што се забележува и кај задните светла.

Новата генерација на целосно елекричниот Мерцедес-Бенц ГЛЦ е распродадена во Европа до завршетокот на годинава. Новите купувачи ќе чекаат до доцна во 2027 година за нивниот автомобил да биде испорачан, поради побарувачката што е над очекувањата и тесните грла во снабдувањето од добавувачите.

Купувачите во Германија што сега ќе го нарачаат популарниот модел на пазарот на СУВ-автомобили од средна класа од премиум марка, чекаат најмалку седум месеци за автомобилот да им биде испорачан. За некои изведби мора да се чека до второто полугодие од 2027, кажуваат дилери.

„Електричниот ГЛЦ наидува на исклучително висока побарувачка. Во Европа, тој е распродаден до завршетокот од 2026,“ соопшти претставник од Мерцедес-Бенц.

За некои конфигурации треба да се чека уште подолго, и возилата што денес ќе се нарачаат, може да се очекуваат дури во четвртото тромесечје од 2027 година.

Забавувањето на испораката се случува во време кога Мерцедес-Бенц го одложи почетокот на производството на ГЛЦ со мотори со внатрешно согорување во САД. Мерцедес-Бенц го помести стартот на ГЛЦ во фабриката во Венс, Алабама, од ноември 2027 за мај 2030 година, дознава Аутомотив Њуз. Поради тој чекор, германскиот производител ќе мора да плаќа царини за увозот на ГЛЦ во САД во следните две години.

Електричниот ГЛЦ што се произведува во Бремен, Германија, почна со продажба во март. Наспроти тоа, освежената моделска година на добро познатиот ГЛЦ со бензински, дизел и хибрбиден погон, ќе стартува во почетокот на 2027 година. Во моментов непречено продолжува продажбата на постоечката генерација со мотори со внатрешно согорување.

Директорот за продажба на Мерцедес-Бенц, Матијас Гајсен, на неодамнешната тркалезна маса со новинарите, наведе дека производителот се соочува со тесно грло во снабдувањето од добавувачите, не наведувајќи подробности.

Германските медиуми објавија дека Мерцедес-Бенц планираше да се снабдува со батерии од новата фабрика на кинески КАТЛ во Унгарија. Но, поради одолговлеченото издавање сертификати за заштита на животната средина од државата, добавувачот мораше да продолжи со испорака на батерии од Кина, поради што забави снабдувањето.

Добавувачите на кабли исто така испорачуваат побавно, поради прекини во производството во погоните на добавувачот на Мерцедес-Бенц во Мароко, објавија медиуми.

ГЛЦ има клучна улога во продажните бројки на Мерцедес-Бенц. До септември, од моделот се продадоа 36.500 возила во Германија, што претставува близу 19 проценти од вкупната продажба на марката и прави ГЛЦ да биде најпродаван модел на Мерцедес-Бенц.

На европскиот пазар, во првите девет месеци се продадени 106.648 примероци, што претставува раст од 33 проценти од лани.

Моделското семејство ГЛЦ е најпродавано во гамата на Мерцедес-Бенц во светски рамки во последните пет години и го задржа тоа место во третото тромесечје од 2026 година, соопшти компанијата.

ГЛЦ е водечки во флотната продажба во германскиот пазар

Електричниот ГЛЦ зема замав откако скапите горива ја зголемија предноста на електричните возила во трошоците. Во Германија, целосно електричниот ГЛЦ учествува со 44 проценти во вкупниот број на новорегистрирани возила од април до септември, наспроти уделот од 10 проценти пред тој период. Уделот на електричниот ГЛЦ на европскиот пазар надминува 50 проценти, додека во светската продажба, една четвртина се од електричната изведба.

Најголема побарувачка има кај компаниите. ГЛЦ беше најпродавано флотно возило во Германија во септември.

Најновата генерација на ГЛЦ во електричната изведба привлекува повеќе купувачи отколку конкурентите.

Онлајн-каталог со податоци за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Заедно со модели како Ауди А6 или Ку 6 Е=Трон, БМВ и Икс 3, Мерцедес-Бенц ГЛЦ нуди подолг досег и побрзо полнење, што одговара за подолго патување и за користење како флотно возило, односно во возен парк.

Освен Мерцедес-Бенц, побарувачката за електрични возила што е над очекувањата го погоди и концернот Фолксваген, за чијашто нова четворка од модели со електричен погон со достапни цени, како ИД Поло или Купра Равал, пристигнаа над сто илјади нарачки и со тоа новите купувачи мора да чекаат со месеци за возилото да им се испорача.

Претходна објаваТест на зимски гуми на ADAC: Димензија 225/50 R17