Кинески Шаопенг ќе го престигне Форд до 2030 година

Кинескиот производител Шаопенг очекува да достигне продажба од 500.000 возила во Европа до завршетокот на деценијава, што значи дека ќе го престигне Форд.

Шаопенг произведува возила во фабриката на Магна во Грац, Австрија. Производителот јави дека успешно е завршено и пробното производство на знаменосецот Г9Л

Дали Шаопенг ќе го оствари планот зависи од тоа дали ќе се најде начин да се зголеми производството во Европа, изјави во интервју за време на салонот во Париз, Хе Шаопенг, претседателот на Шаопенг.

Компанијата со седиште во Гуангџоу планира секоја година да продава по еден милион возила на светскиот пазар, а половината од тоа ќе биде постигнато на европскиот пазар, најави претседателот Шаопенг.

Форд лани испорача 426.000 возила во Европа. Доколку се исполни планот, кинескиот производител ќе продава повеќе од Форд.

Откако стартуваше на европскиот пазар во Норвешка во 2020 година, Шаопенг има испорачано преку 60.000 возила, од кои главнината се испорачани годинава и лани.

Партнерот на концернот Фолксваген во Кина бара начини да го зголеми производството со договорниот производител Магна Интернационал во Австрија. Во меѓувреме се бараат и други парнери за производство ширум Европа.

„Производствениот капацитет во моментов ни е најкритичното тесно грло во Европа“, кажа Шаопенг.

Кинеските производители, пред сé Би Уај Ди, бараат можности да го осигураат своето присуство во Европа. Тие имаат притисок на домашниот пазар, каде што опаѓа продажбата, а во исто време Европската Унија подготвува закони со коишто ќе се изврши притисок врз производителите да отвораат локални фабрики и вериги од добавувачи.

До онлајн-каталогот со податоци за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

ЕУ во минатата недела постигна договор со Кина за ограничување на бројот на хибридни автомобили што се извезуваат во Унијата, откако нагло се зголеми нивниот увоз.

Шаопенг денес ги произведува Г6, СУВ-то Г9 (СУВ) и лимузината П7+ во фабриката на Магна во Грац, Австрија. Компанијата соопшти дека успешно завршило пробното производство на знаменосецот Г9Л во австриската фабрика.

Компанијата повеќе се залага да го прошири своето производство во Европа, отколку да се потпира на увоз од Кина. Кинескиот производител посочи на инвестициите на Фолксваген во Кина, како пример за создавање локален бизнис на долги рокови.

Најголемиот европски производител на автомобили е акционер во Шаопенг. Двете компании соработуваа во електроника за возила и за системи за асистенција за кинескиот пазар.

Шаопенг не наведува колкава потреба има од дополнителни капацитети за производство, кои земји ги зема предвид и дали преговорите веќе имаат напредувано кон одредени договори за инвестирање.

Претходна објаваМерцедес-Бенц го одложува производството на ГЛЦ во САД, владата на Трамп се премислува