Мерцедес-Бенц со новата кампања за марката го прославува победничкиот дух на светскиот првак во формула 1 Кими Антонели, возач на тимот на Мерцедес-АМГ Петронас Ф1.
Кампањата под водечкото мото „Better keeps us going“ е инспирирана од тековната сезона во Формула 1, во којашто тимот и возачите на Мерцедес-АМГ Петронас беа доминантни и Кими ја освои титулата на четири трки пред завршетокот на сезоната.
Целта е фасцинацијата и културната димензија на Формула 1 да се преточат во единствена кампања, што се врти околу најголемата офанзива од нови и овежени модели во историјата на Мерцедес-Бенц, во чест на 140 години од првиот автомобил во светот.
Автомобилите се појавуваат во крупен план и покажуваат по што се цени марката надвор од тркачките патеки. Пораката е во тоа да се поседува постојан порив за напредок и усовршување.
Директорката за дигитални медиуми и комуникации на Мерцедес-Бенц АГ, Кристина Шенк, порачува дека „спортот има моќ да спои стотици милиони луѓе во целиот свет во еден момент.“ Кампањата ги прославува „победничкиот менталитет, фасцинацијата од формула 1 и нашиот нов светски првак Кими Антонели“, кажува Шенк.
Филмот од кампањата почна да се прикажува на друштвените мрежи и на тв каналите на главните пазари на Мерцедес-Бенц на 2-ри ноември. Сликите се црно бели, а црвената боја се појавува само за да ги истакне елементите од Формула 1.
Во кампањата се појавуваат електричната Ц-Класа, новиот ГЛА, електричниот ГЛЦ, одликуваниот ЦЛА, АМГ ГЛЕ 55 4Матик, АМГ ГЛЦ 53 и АМГ ГТ 4-вратно Купе.
Уште еден важен дел од кампањата е секако песната „That’s life“ во изведба на Френк Синатра.
















