Додека во 2020 година, светот регистрираше околу 3 милиони нови електрични автомобили, продажбата по шест години е зголемена речиси осумкратно. Големи се изгледите дека предвидувањата за светскиот пазар на електрични авотмобили ќе бидат надминати годинава, во време кога цели региони се префрлуваат на електричен погон, поради војната во Иран и драстичното поскапување на горивата. Непал е азиската „Норвешка“ во поглед на преоѓањето на електричен погон.
Податоците што Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги објави пролетоска за продажбата на електрични автомобили во 2025 година не го привлекоа заслуженото внимание, кога сите веруваа дека политиката ќе издејствува забавување на напредокот во електрификацијата во светски рамки и ќе нé врати на горива, поскапени значително поради нападот на САД врз Иран и драстичниот скок во цените на горивата, како и општата неизвесност околу снабдувањето.
ИЕА тогаш објави дека во 2025 година во светот биле продадени за 20 проценти повеќе електрични (БЕВ) и приклучни хибридни автомобили (ПХЕВ) во споредба со 2025 година. Светот лани регистрираше над 20 милиони ЕВ и ПХЕВ.
Како резултат од постојаниот напредок во елеткрификацијата што започна веднаш по ковидот, пет проценти од светскиот возен парк бил електрифициран во 2025 година, а тоа значи дека се смалила потребата од горива за 1,2 милион барели дневно.
Но, податоците секако заслужуваа повеќе внимание. Тогаш одвај дека беше спомнато оти токму Непал, земја под Хималаите, постигнала најголем скок во прифатеноста на електричните автомобили (БЕВ и ПХЕВ). Додека во 2020 година, Непал постигнала удел на ЕВ од 10 проценти во вкупната продажба, во 2025 година, земјата веќе достигнала удел од 68 проценти. Тоа е најголемиот скок што една земја го постигнала во 2025 година.

Норвешка останува светски лидер со 97 проценти од вкупната продажба што им припаѓаат на ЕВ, па потоа следи Непал со 68 проценти, пред Исланд со 62, Кина со 53 и Виетнам со 41 проценти.
Секако постојат пазари што продаваат повеќе електрични автомобили, многу поголеми од норвешкиот или непалскиот, меѓутоа трката на крајот пак се сведува на тоа, која земја најбрзо ќе ја оствари пресвртницата.
• Вкупно електрични автомобили регистрирани во Непал во 2026 година: 63.280 возила
• Пазарен удел на ЕВ во Непал во 2026 година: Преку 73% од увезените патнички автомобили регистрирани на приватни лица.
• Мрежа од полначи: Непал ја прошири мрежата на 490 станици за полнење, во чекор со зголемената продажба на ЕВ.

Од европските држави, најдобро стои Обединетото Кралство со 35 проценти, еден процентен бод повеќе од Швајцарија и седум проценти бодови над просекот на ЕУ.
САД заостануваат далеку со 10 проценти удел на ЕВ во вкупната продажба. Изненадува Турција со скок од 0% во 2020 година, на 22 проценти лани.
Во Македонија, според податоците од МВР, во 2025 година имало регистрирано само 1.058 батериски електрични автомобили, сосем различно од статистиката што прикажува над 2.000 возила на струја во земјата.
















