БМВ и Икс 3, Купра Равал, Хјундаи Јоник 3, Киа ЕВ2, Рено Твинго, Фолксваген ИД Поло и Волво Е Икс 60 ќе се натпреваруваат во завршницата од изборот за автомобил на годината во Европа. Актуелниот носител на титулата, Мерцедес-Бенц ЦЛА, исто така е електричен автомобил, достапен и како хибрид.
Жирито на изборот на Автомобил на 2027 година во Европа ги избра седумте финалисти, коишто ќе ја преземат ценетата титула од минатогодишниот победник, Мерцедес-Бенц ЦЛА, достапен во целосно електрична и блага хибридна изведба.
Германската премиум лимузина победи лани со 320 бодови и 22 први места од 59-членото експертско жири, пред Шкода Елрок со 220 бодови и осум први места и третопласираната Киа ЕВ4 со 2 први места.
За претстојниот избор, финалната трка ќе се води меѓу БМВ и Икс 3, Купра Равал, Хјундаи Јоник 3, Киа ЕВ2, Рено Твинго, Фолксваген ИД Поло и Волво Е Икс 60.
Вкупно 38 модели се кандидираа за изборот за 2027 година, за по обемни тестирања и проверки во сите критериуми од европското жири, да останат само седум.
Сите кандидати за изборот на Автомобил на 2027 година во Европа:
Audi A2 e-tron
BMW iX3
BYD Dolphin G
Changan Deepal S05
Cupra Raval
Denza Z9GT
DS No.7
Honda Prelude
Hyundai Ioniq 3
Kia EV2
Kia EV5
Kia K4
Kia Seltos
Leapmotor B05
Leapmotor B03X
Lexus ES
Mazda CX-5
Mazda CX-6e
Mercedes-Benz C-class
Mercedes-Benz GLB
Mercedes-Benz GLC
Mercedes-Benz VLE
MG IM5
MG MG4 Urban
MG MGS6
Polestar 5
Porsche Cayenne
Renault Clio
Renault Twingo
Škoda Epiq
Škoda Peaq
Toyota RAV4
VW ID. Cross
VW ID. Polo
VW T-Roc
Volvo EX60
Xpeng P7+
Zeekr 7
Седумте финалисти се разликуваат од бројни гледишта, ги има во сите каросериски изведби и големини, но првенствено се работи за модели од компакт класата.
Одлуката нема да биде лесна за „сенатот“ на европскиот автомобилизам. По две години со победа на електрични модели, прво Рено Сеник во 2024 година, а по него Рено 5 Е-Тек во 2025 година, во минатото издание се врати името Мерцедес-Бенц меѓу победниците во изборот, откако последен пат модел од германската премиум марка ја освои титулата во 1974 година, со 450 СЕ.

Годинава е историска по тоа што сите седум автомобили во финалето се целосно електрични модели. Тоа соодветствува со актуелните случувања на европскиот автомобилски пазар, којшто незапирливо напредува во ерата на електромобилноста. За тоа придонесе и војната во Иран, со соодветните поскапувања на горивата.
Првпат во 63-годишната историја на изборот, сите финалисти се електрични автомобили. Ниту еден од нив не се произведува во изведба со мотор со внатрешно согорување.
Жирито ќе ги провери финалистите уште еднаш до најситен детал на 25-ти и 26-ти ноември на тркачката патека Балоко во Италија. Потоа ќе се собираат бодовите во сите критериуми во коишто автомобилите треба да се докажат за да ја заслужат титулата.
Ченовите на жирито ќе решаваат до 31-ви декември на кои модели ќе ги распределат своите гласови. Тие имаат на располагање 25 бодови, со тоа што на еден модел можат да му доделат најмногу 10 бодови.
Победникот во изборот за автомобил на 2027 година во Европа ќе биде објавен на 8-ми јануари, на салонот на автомобили во Брисел.
















