На пазарите во ЕУ, Обединетото Кралство и земјите од ЕФТА, а тоа се Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, од јануари до август се продадени вкупно 72.822 возила на Липмотор. За споредба, лани во истиот период биле 13.097 возила. Растот многу поверно го прикажува процентуалниот пораст, а тоа се 456 проценти.
Липмотор, кинескиот партнер на концернот Стелантис, уште не го достигнува волуменот на Би Уај Ди, на Чери или САИЦ (МГ), но затоа расте побрзо од сите. Наспроти близу петкратниот раст на Липмотор, трите главни „напаѓачи“ од Кина, за осум месеци годинава постигнале раст од 143,6 % (Би Уај Ди), 274,3 % (Чери) и 19,6 % (САИЦ).
Многу е извесно дека динамиката на растот на продажбата ќе појде по уште пострмна линија угоре, со штотуку стартуваниот Б03 Икс, електричен СУВ од градската класа. Залетот на кинескиот специјалист за електрични автомобили Липмотор е толку масивен, што од пред неколку денови е позната и цената на моделот на македонскиот пазар. Не се случува ниту ден доцнење зад поголемите пазари во регионот.
Работата досега ја завршуваа два стратешки избрани модели. Едниот е Т03, градски електричен автомобил со цена на обичен модел со бензински мотор и со опрема на средна класа, вториот е Ц10, СУВ од Д-сегментот, што значи од средната класа, којшто гo подзадржуваше пробивот на Би Уај Ди Сил Ју.
Во меѓувреме, трката ја презеде Б10, и тој електричен СУВ, но од компакт класата. Б-десетката им е најпродаван модел во август, со 3.157 возила. За осум месеци биле вкупно 19.821 возила.
Б03 Икс е мошне извесно дека ќе го запише името Липмотор меѓу 50-те најпродавани модели во Европа
Б03 Икс уште е во старт и 159-те автомобили што се регистрирани во август веројатно се демо возила и возила за интерно користење, но од него се очекува да ги престигне сите.
Со преку 3.000 продажби на месечно ниво, августовскиот шампион на Липмотор веќе постигнува волумен споредлив со Киа Пиканто, Дачија Џогер, Рено Симбиоз, МГ 3, Сузуки Витара, Сеат Арона или Фолксваген Таиго.
Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)















